И покрај известувањето и предупредувањата упатени од страна на Оптинскиот инспекторат од Охрид, до сопствениците на пловните објекти, да ги отстранат своите пловила, овој дел од крајбрежјето неупотреблив за рекреативците.
Една од ретките градски плажи во стариот дел на Охрид каде што граѓаните бесплатно можат да уживаат во сонцето и водата, онаа на Сараиште, останува неупотреблива за туристите. Пловните објекти кои речиси преку целата година се оставаат на овој простор и покрај извествувањето од Општинскиот инспекторат за нивно отстранување, сеуште се тука.
Три дена откако истече рокот за отстранување на пловните објекти на овој потег даден од страна на Општинскиот инспекторат, но пловните објекти сеуште ја блокираат оваа плажа. Од инспекторатот најавија нивно присилно отстранување, а за сопствениците наплата на трошоците за алокацијата.
Да се надеваме дека конечно ќе се ослободи оваа единствена слободна градска плажа каде во благодетите на Охридското Eзеро може да уживаат и охриѓани и туристите.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град