Нова платформа на „Пливалиште“

На струшкото пливалиште никна нова платфрма. Од општинскиот градежен инспекторат велат дека е нелегална и истата треба да се отстрани. Додека пак концесионерите на овој дел од охридското крајбрежје велат дека тоа се трибини.

 |  Билјана Николоска  | 
shank
шанк

На местото на кобниот шанк каде што минатата година на крај на туристичката сезона од струен удар погинаа тројца стружани, никна друга. На ваквиот потег реагираа група членови на ПК. „Струга“ – Струга. Тие до нас испратија допис насловен – „Алчноста  за поголем профит поважнa од законот и почитта кон починатите“, во него меѓу другото стои.

„Сеуште нема поминато една година од немилиот настан кога на нелегално изградената  платформа од струен удар погинаа тројца видни стружани, а кафе барот „Пливалиште“ мотивиран од алчноста за поголем профит и поддржан од претседателот на пливачкиот клуб „Струга“ на местото на немилиот настан повторно изградија нелегална платформа која сега е 10 (десет) пати поголема од „шанкот убиец“. Во дописот исто така стои сознанието оти општинската градежна инспекција излегла на терен и констатирала неправилности.

Со цел објективно да ја информираме јавноста побаравме став од општинскиот градежен инспекторат.

shankГрадежниот инспектор Богдан Петрески во краткиот телефонски разговор изјави дека косопствениците на кафе – барот „Пливалиште“, треба да постапат согласно решението издадено од нивна страна. Косопствениците пак на објектот „Пливалиште“, Емил и Васко Попоски, велат дека направиле наменски дел, трибини, специјално за потребите на бројните пливачи во Летната пливачка школа. Тие велат дека позади дописот, стојат за нив добро познати провокатори членови на ПК Струга. Додаваат оти истите тие бесплатно користат деловен простор во ПК. како невладина организација, без во досегашниот неколкугодишен престој да направат некаков проект за пливачите и пливачкиот базен во Струга, а на кои им истекува договорот за користење на истите. Од таму исто така велат дека после немилиот настан и тие биле значително оштетени. Во овој момент бараат само мала подршка од граѓаните, бидејќи сепак и тие со одредени средства допринесуваат пливањето да не згасне.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top