Академик, д-р Блаже Ристовски со указ на претседател на руската федерација Дмитар Медведев е одликуван со највисоката руска државна награда „Пушкин“. Наградата му ја врачи рускиот амбасадор во Македонија, Олег Шербеченко пред голем број посетители на 44-то издание на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура.
Ова високо државно одликување се доделува на руски и на странски државјани кои дале особен придонес во уметноста, науката, литературата, образованието и културното наследство. Меѓу истакнатите личности кои ја добиле оваа награда е македонскиот академик, доктор по филолошки науки Блаже Ристовски. Академик Ристовски даде личен придонес за развој на македонско-руското пријателство и главен организатор на поректот „Русија и Македонија и взаемните врски во областа на културата и историјата“, како и редактор на бројни научни зборници, истакна рускиот амбасадор Олег Шербеченко.
Денес се чувствувам среќен што го добивам ова големо признание од пријателската руска федерација, истакна академик Ристовски. Благодарение на руските архиви ние ја осознавме вистинскат борба за македонската култура, историја и државност, рече Академик Ристовски присетувајќи се времето поминато во Русија и на неговите бројни истражувања.
Државната награда „Пушкин“, посветена е на најголемиот руски поет, а востановена е во 1999 година. За овие 10 години високото признание им било врачено на 652 личности, меѓу нив денес се вброи и Академик Ристовски. Досега наградата Пушкин ја примиле 5 –мина Македонци.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град