Охриѓанка среде Турција освои трето место на натпревар во турски јазик

Работа, работа и само работа. Младата ученичка Зубуш Шемо со многу труд стигна до третото место и бронзениот медал на натпреварот во турски јазик кој се одржа во Анкара-Турција. Младата Зубуш ова големо признание го доби во конкуренција од над илјада натпреварувачи од преку 130 земји.

 |  Мишел Наумоски  | 
Zubush Shemo
Зубуш Шемо

Основното училиште Братство Единство се закити со ново признание. благодарејќи на младата ученичка Зубуш Шемо. Меѓународниот натпревар во турски јазик кој се одржа во главниот град на Турција, Анкара беше местото на овој поход од кој Зубуш се врати со освоено трето место. Ова е уште еден доказ дека со доволно работа и труд, можат да се постигнат одлични резултати. Младата ученичка беше очигледно возбудена и под импресии на оствареното.

Малата Зубуш за да го постигне овој успех напорно работела во текот на целата година и заедно со својот ментор, професорот Рамиз Зекирија, но и сите останати професори, целото училиште и градот, сега можат да се пофалат со овој извонреден успех.

„Пред се за училиштето е уште една афирмација. Нашето училиште дефинитивно покажа дека постојат талентирани ученици кои со работа ги постигнуваат овие успеси. Ние го повторивме минатогодишниот успех каде што исто така освоивме трето место  така да лично за мене и за ова училиште ова претставува едно задоволство.“-рече Рамиз Зекирија-наставник по турски јазик во ОУ Братство Единство.

медалТурските паралелки од училиштето „Братство Единство“ денес организираа мал коктел, на кој беа присутни наставници, родители, но и претставници од локалната самоуправа. Тие и честитаа на Зубуш, за постигнатиот успех, а го презентираа и добиениот медал кој ја збогати колекцијата на успеси на ова училиште. На коктелот се обратија и директорот на училиштето Османи, но и Бурхан Шемо, таткото на младата Зубуш кој рече дека успехот на неговата ќерка не е само нејзин успех туку и успех на училиштето и целиот град. Единствено што недостигаше во оваа убава бајка се повторно финансиите. За жал малото девојче заедно со својот придружен професор, на овој меѓународен натпревар учествувало со сопствени средства, средства кои никој не се понудил да ги подмири. Само за потсетување, Зубуш Шемо, своето трето место во натпреварот по турски јазик го освои во конкуренција од над 1000 натпреварувачи од повеќе од 130 земји.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top