Волонтерите на охридскиот Црвен Крст, лидери во промоцијата на хуманите вредности во нашата земја. Денес тие го добија и признанието за своите хумани заслуги, односно пехарот кој го доделува Црвен Крст на град Скопје за остварени најдобри резултати во изработката на (Црвен крст во акција-Проект Хумани Вредности) односно проекти со млади волонтери кои помагаат на ранлива категорија граѓани. „Секоја година О.О. Црвениот Крст од Охрид, учествува со проекти во градски Црвен крст во Скопје, а ние оваа година учествуваме со осум проекти, во конкуренција од 115 проекти. Имавме најуспешни проекти на ниво на држава и го понесовме највиоското признание“, рече Весна Терзиоска –дисеминатор О.О. Црвен Крст.
„Морам да напоменам дека токму оваа ПХВ програма е производ на националното друштво на црвениот крст на Македонија, кое моментално се извезува ако можам да кажам, во останатите републики, па дури и на Шри Ланка“ кажа Терзиоска.
Проектот ЦКА-ПХВ е домашен производ создаден во склад со локалните обичајнии и културни норми. Инициран е во 1996 година од страна на Норвешки Црвен крст а подготвен од страна на Меѓународниот комитет на Црвен крст во соработка со Црвен крст на Р. Македонија и Министерството за образование и наука. Сашо Точко претседателот на О. О. на Црвениот Крст од Охрид, истакна дека Меѓународната федерација на црвениот Крст, будно ги следи активностите и нашето национално друштво на Македонија, вклучувајќи ги тука и Општинските Организации и котираме на доста високо место.
„Меѓународната федерација доста вложува во нашите проекти, во нашите капацитети во надградбата на истите, така да сите оние проекти кои се насочени од нас кон нив и од нив кон нас се реализирани, успешно навремено транспарентно, и затоа сите имаме и можност и сите оние сигнали кои сме ги испратиле отаму и тие кои сме ги испретиле се позитивни, значи на многу високо место Црвениот Крст на Македонија котира, кај меѓународната федерација на црвениот крст“, рече Точко.
Од О.О од Охрид информираат дека со несмален елан продолжуваат со своите активности, од следниот циклус кој започнува од септември. Ветуваат дека ќе работат на нови проекти, искрено се надеваат дека ќе се зголеми и бројот на нови волонтери, кои соодветно ќе бидат обучени како да ги изготвуваат проектите, односно како да помагаат на оние на кои помошта им е најнепоходна.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град