Во Центарот за вработување на посебен шалтер од Фондот за здравствено осигурување невработените лица започнаа со пререгистрција. Од пререгистрацијата се иземени невработените кои користат здравствено осигурување по друг законски основ и оние кои не оствариле приход.
Со измените на Законот за задолжително социјално и Законот за здравствено осигурување кои стапуваат на сила од 1 септември невработените лица кои досега користеле сини картони на терет на државата, а во мината година оствариле приход, ќе плаќаат од својот џеб. Доколку оствариле приход добро е пред да потпишат изјава да извадат потврда од Управата за јавни приходи. Лицата кои се пријавувале како невработени, а заработиле нето приход од над 132.000 денари ќе плаќаат половина од основицата за здравствено осигурување, или 1100 денари месечно. Оние пак со над 182.000 денари ќе плаќаат целосно осигурување од 2200 денари, вели раководителот на подрачната единица на Фондот за здравствено осигурување, Славе Крстаноски.
Препорака од Фондот за здравствено осигурување до невработените лица е за да не останат без сини картони во текот на овие два месеци да се пререгистрираат навреме. Паралелно со пререгистарцијата да достават и барање за издавање на нова електронска здравствена легитимација.
На терет на државата, пак и понатака ќе останат невработените лица кои примаат паричен надоместок по разни основи, стечај, технолошки вишок и ликвидација вели, Јован Баткоски директорот на Агенцијата за вработување.
Во охридскиот центар за вработување за прва пат после неколку години бројот на невработените паднал под 10.000. Заклучно со месец јуни е регистрирана бројка од 9.800 невработени лица. Со најновата пререгистрација се очекува уште поголемо намалување на овај број и појасна ситуација за оние кои активно бараат работа, а не само за да го остварат правото на здравствена заштита.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град