Една година затвор за Сотир Филески

Судскиот совет при Основниот суд во Охрид и на младиот капетан и на второобвинетиот Бранко Баиќ, им  изрече казна во траење од една година.

 |  Крсте Голабовски  | 
osnoven sud Ohrid
Основен суд Охрид

Судскиот совет при Основниот суд во Охрид и на младиот капетан и на второобвинетиот Бранко Баиќ, им  изрече казна во траење од една година.

presudaСотир Филески доби затворска казна во траење од една година. Идентична казна изречена и за второобвинетиот Бранко Баиќ, застапник на германскиот „Лојд“ на кој му беше судено во отсуство. После десетина главни судски претреси, судијата Милка Танеска и двајцата ги прогласи за виновни за предизвикување тешки дела против луѓето и имотот во сообраќајот и дека со своето несовесно работење придонеле на 5-ти септември 2009 година да се случи несреќата на бродот „Илинден“ во која животот го загубија 15 бугарски државјани.

„Обвинетите С.Ф и Б.Б. се осудуваат на казна затвор во времетраење од една година. во изречената казна затвор за првообвинетиот С.Ф се засметува и времето поминато во притвор сметано од 05.09 2009 до 30.10 2009 и времето поминато во кукен притвор 30.10 -04.12. 2009“, стои во пресудата.

Инаку во пресудата е наведено дека капетанот Филески го прекршил законот и прописите за внатрешна пловидба, заради тоа што не го одржувал соодветно системот за управување на своето пловило, потоа дека на денот на несреќата на бродот „Илинден“ имало повеќе патници од дозволеното,  кои пак не биле правилно распоредени, а дел од нив биле сместени на горнате палуби на кои не смеело да се превезуваат патници. На денешното изрекување на пресудата за најголемата пловна несреќа, онаа на бродот „Илинден“, не беше присутен ниту еден од неговите адвокати. Капетанот Филески не сакаше да ја коментира пресудата. Тој е дециден, останува на ставот дека не се чувствува за виновен.

presuda„Значи јас кажав и на почетокот дека не се чувствувам за виновен и не сум доволно компетентен, за повеќе информации ќе разговарате со моите адвокати, за понатамошни чекори ќе мора да разговарате со моите адвокати, значи јас од почетокот кажав, дека не се чувствувам за виновен.“, кажа Филески.

И провобвинетиот Филески како и второбвинетиот Бранко Бајиќ се задолжени да платат казна паушал по 3000 денари како и солидарно да ги надоместат кривичните трошоци, во износ од 2. 5 милиони денари како и солидарно да ги надоместат трошоците во постапката во рок од 15 дена од правосилноста на пресудата. Што се однесува до оштетните побарувања на семејствата на загинатите бугарски државјани, нивниот адвокат Мартин Петров, изјави дека за висината на истите ќе може да се зборува, откога ќе биде добиена писмена одлука. Петров додава дека дотогаш не би можеле да се произнесат во ниту еден дел од самата пресуда.

„Сега не би можеле да прејудицираме бидејќи сеуште ги немаме добиено, ниту полисите ниту сме се обратиле до овластените компании од кои би барале во иднина надомест за штета“, рече Петров.

Адвокатите на второобвинетиот Бранко Бајиќ незадоволни од пресудата, ја сметаат за некој вид компромис помеѓу изведените докази и некоја намера или желба да се изрече ослободителна пресуда за обвинетиот Бранко Баиќ. Додаваат дека ќе почекаат на писмено да ја добијат одлуката. Во најголемата пловна несреќа во Македонија, онаа на бродот „Илинден“ кој потона на 5 септември 2009 година, на околу 300 метри од брегот на Охридското Езеро, во близина на авто кампот „Елешец“, животот го загубија петнаесет туристи од Република Бугарија.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top