Со звуците на зурлата и тапанот и играта на популарното македонско оро „Тешкото“ од професионалниот ансамбл „Танец“, на сцената на Долни Сарај ќе отпочне јубилејното издание на Балканскиот фестивал за народни песни и игри. Годинава се одбележуваат 5 децении постоење на летно, фолклорно пулсирање на градот, со ансамбли од светот. Од Центарот за култура „Григор Прличев“ најавуваат богата содржина на годинешниот фолклорен фестивал.
На фетсивалот ќе учествуваат четири професионални ансамбли од соседството, Коло од Србија, Филип Кутев од Бугарија, Шота од Косово и Танец од Македонија. Покрај овие ансамбли ќе гостуваат и фолклорни групи од Турција, Романија, Хрватска и Словачка.
Фестивалот во изминативе 50 години докажал дека има свои посебности. Селекторите годинава направиле внимателен избор на ансамблите кои ќе учествуваат со своја програма. Еден од селекторите кои помагале во изборот на анасамлите бил и познатиот виолинист и директор на „Танец“, Зоран Џорлев.
Балканскиот фестивал ќе почне традиционално со свечено дефиле на учесниците на 6 јули, а настапите ќе бидат на сцената на Долни Сарај. На свеченото отварање свое обраќање ќе има минситерот за култура Елизабета Канческа Милеска и претседателот на Собранието Трајко Вељаноски.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град