Ударните дупки на Булевар Туристичка започнаа да се крпат. Санацијата почна со гребење на ударните дупки во должина од 3,6 км и ќе трае неколку денови.
Од ЈП „Македонија пат“ информираат дека зафатите кои ги започнаа во екот на туристичката сезона ќе завршат до среда. За таа намена ќе бидат потрошени 120 тони асфалт. И додека траат зафатите возачите ќе треба да внимаваат да не ги оштетат возилата на ударните дупки.
Побаравме коментар од раководтсвот на ЈП Макеоднија пат зошто ударните дупки се крпат пред самиот старт на туристичката сезона. Нивниот одговор беше дека претходно биле ангажирани на асфалтирање на регионалниот пат р 501 од Метропол па се до пред Пешатни во должина од 2 и пол километри. Кажаа дека зафатите кои ги започнаа вчера ќе се крпат само ударните дупки. Целата санација на двата зафати ќе чини околу 9 милиони денари.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град