Мал дел од концесионерите на плажите ги почитуваат договорите

Мешовитата  Комисијата за надзор на плажите издадени под концесија  на 21,22 и 23 јуни направила контрола и констатирала прекршувања на договорите  за закуп. Портпаролот на ресорното  Министерство не беше достапен за да одговри кои  забелешки се евидентирани, но дека има недоследности  потврди членот на Комисијата, капетанот од Охридската капетанија , Љупчо Настоски.

 |  Валентина Нелоска  | 
plaza
plaza

plazaМешовитата  Комисијата за надзор на плажите издадени под концесија  на 21,22 и 23 јуни направила контрола и констатирала прекршувања на договорите  за закуп. Портпаролот на ресорното  Министерство не беше достапен за да одговри кои  забелешки се евидентирани, но дека има недоследности  потврди членот на Комисијата, капетанот од Охридската капетанија , Љупчо Настоски.

Уредените плажи распослани на крајбрежјето се издадени под закуп дел од нив од страна на Локланата самоуправа, а дел од Министертсвото за транспорт и врски. Закупците кои имаат склучено договор со ресорното министерство имаат обврска според заклучените договори да почитуваат повеќе законските обврки. Тоа значи меѓу другите критериуми да обезбедат спасители на плажа, да ги обележат капалиштата и на 40 посто од плажата да остават слободен простор без лежалки. Меѓу спорните забелешки, а кои дел од концесионерите не ги почитуваат како што дознаваме до Општинскиот Црвен крст се обезбедување на  безбедност на капалиштат со спасители на вода. Од регистрираните

36 плажи на охридскиот брег само 30 посто од сериозните закупци на плажите  се погрижиле да склучат договор навреме, пред 1 јули кога официјално стартува летната туристичка сезона.

Од Црвен крст информираат дека досега само со  13  концесионери на плажите  навреме заклучиле договор за обезбедување на нивните капалишта. Тие се позадоволни во спредба со мината година кога ваквите  договори се потпишувале после 1 јули.

Од Комисијата за надзор на плажите најавуваат дека од понеделеник повторно ќе направат инспекциски надзор. Тврдат дека ќе има раскинување на договорите за концесија доколку концесионерите не ги  почитуваат договорените  обврски и не се отстранат констатираните забелешки.

Плажите под закуп се издадоа во 2008 година ,а договорите се со важност од 4 години.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top