Од 4 јули стапува на сила летниот режим на сообраќај

Одлуката која советниците ја донесоа на  35 тата седница на совет за почеток на летениот режим на сообраќај стапува на сила во понеделник 4 ти јули. Од одделенито за комунален развој и сообраќај велат дека генерално 90% од режимот останува исти со оној од минатата година и дека истиот ќе биде само  дополнет.

 |  Татјана Маленкова  | 
soobrakaj
сообраќај

soobrakajОдлуката која советниците ја донесоа на  35 тата седница на совет за почеток на летениот режим на сообраќај стапува на сила во понеделник 4 ти јули.

Од одделенито за комунален развој и сообраќај велат дека генерално 90% од режимот останува исти со оној од минатата година и дека истиот ќе биде само  дополнет.

„Се работи за стариот дел на градот каде на улиците Коста Абраш, Цар Самоил, Илинденска и Кочо Рацин ќе се забрани запирање и паркирање на автомобили, со цел улиците да бидат слободни за движење“, вели советникот за улици Зоран Шикалески.

„ Сообраќајот на овие улици преку ден ќе се одвива цело враме од 05 часот наутро до 20,00 часот навечер, а од 20.00 до 05.00 како и минатата година ќе иаме забрана за моторни возила за овој ден на градот.

Оние кои ќе паркираат во своите дворни места ќе можат слободно да велегуваат, сите останати само ќе можат да вршат истовар, а потоа да паркираат пред Горна Порта – паркинг кој ќе биде бесплатен“, вели Зоран Шикалески, советник за улици при локална самоуправа.

Пропусниците кои жителите од стариот дел на Охрид ги користеа за влез на рампите остануваат и истите ќе бидат активирани од понеделник. Нови пропусници во Фондот за комунален развој, ќе треба да набават само оние граѓани кои во текот на оваа година купиле нов автомобил.

По однос на прашањето кои на вчарашната седница на совет го поставија советниците а се однесува на изнаоѓање на начин за смирување на сообраќајот на улицата Асном, позната како ПИСТА, затоа што на овој дел од хрид премногу брзо се вози и има чести несреќи, Шикалески со став:

„Ние само го организираме сообраќајот, а друг е надлежен за да ги санкционира прекршителите на сообраќајниот ред. Законска рамка за оваа работа постои и тоа може да се регулира само треб ада се изнајде начин. Полицијата поточно СВР треба да ги санкционира сите прекршители на сообраќајниот ред, додава советникот за улици.

На прашањето пак повторно поставено од советник дали може летниот режим на сообраќај да важи и за поголеми празници кога во охрид има прилив на гости, шикалески вели:

„ На терен е неизводливо. Знаете дека сообраќајот се одвива согласно поставувањето на сообраќајните знаци и прописи и тоа е некако воспоставена пракса на движење и ќе треба постојано да се вадат и ставаат знаците. Комплицирано е и сака пошироко размислување и ако имаме размислувано на оваа тема. Сметаме дека режимот на сообраќај треба да се носи две до три месеци порано со што би имале полесно прилагодување на сите учесници“, вели Шикалески.

Инаку паркинзи без наплата според плановите на локалната во текот на летниот период, покрај паркингот кај Горна Порта ќе бидат и паркингот за мали спортови, спортското игралиште кај економското училиште и пракингот кај спортско рекреативниот центар Билјанини извори.

Шикалески вели дека не само овие, туку места без наплата ќе има и други. Ова го поткрепува со тоа што и минатата година имаше паркиралишта кои и покрај тоа што беа означени дека ќе бидат со наплата сепак поради технички причини  на истите паркирањето беше бесплатно.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top