Како да се известува без злоупотреба на лични податоци

Непрофесионално известување од новинарите и непочитување на Законот за заштита на личните податоци. Дали причината за овие состојби е непознавањето на Законот или пак нешто друго. Дирекцијата за заштита на личните податоци преку фокус групи го бара одговорот на ова прашање. Вакви фокус групи ќе се одржат во 10 градови во земјава.

 |  Мишел Наумоски  | 
novinari
новинари

fokus grupaЕтичкото известување наместо привилегија за жал станува се поголем проблем. Во многу новинарски прилози јасно се забележува повреда и злоупотреба на личните податоци, но граѓаните се плашат да реагираат па не ги пријавуваат ваквите злоупотреби, а верувале или не, во нашето законодавство закон за заштита на личните податоци постои од 2005 година. Но прашањето кое се наметнува е колку медиумите и медиумските работници воопшто се запознаени со овој закон и со областите на неговото делување.

„Сите одредби на законот за заштита на личните податоци не се применуваат кога станува збор за медиумско работење бидејќи доколку би било така тогаш би се добило впечаток дека Дирекцијата на некој начин би ги цензурирала, а тоа не смее да се случи. Токму поради тоа во последните измени и дополнувања на законот предвидено е секогаш кога преовладува јавниот пред приватниот интерес на некоја личност, веста ќе ги содржи сите податоци за таа вест.“-вели Елена Стојановска-Советник во Дирекција за зашт.на лични податоци

StojanoskaИако според овој закон медиумите имаат одредена привилегирана положба, сепак согласно законот тие мора да водат сметка за основните принципи на заштита на личните податоци за оние за коишто известуваат, додава Стојановска. Токму поради тоа Дирекцијата за заштита на личните податоци организира фокус групи во повеќе градови во државава.

„Целта е подобра имплементација на Законот за заштита на личните податоци. Значи преку овие фокус групи, да се добијат информации директно од теренот што медиумите и медиумските работници мислат, што работат при известувањето и што е исправно да направат. Меѓусебно да се разменат искуства, да се видат добрите практики, да се видат грешките и пропустите. Тоа е целта на овие фокус групи.“-рече Проф.д-р Верица Стаменкова-Трајкова-Институт за социјални работи

Еден од главните заклучоци кои беа донесени на оваа фокус група е недоволното познавање на Законот за заштита на личните податоци. Ова лесно може да доведе до повреда на правото на заштита на личните податоци од страна на медиумите, но и потребата од поголема достапност на законот со што ќе се минимизира можноста за повреда на неговите одредби.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top