Тргај не кини. Охрид и Струга пијат вода од една чешма, но од одделени водоводни системи. На тоа реши да стави крај градоначалникот на Охрид Александар Петрески, кој првично проба да ги подели водоводите на Охрид и Струга, со одлука на двата совети. Кога тоа не му тргна од рака, поради лошите односи со централната власт, во врска кредитното задолжување на МЈП „Проаква“, Петрески, направи друг чекор, формирање на ново ЈП „Водовод Охрид“ за кој изнајде соодветна законска рамка. Петрески категоричен, „ние во Охрид сметаме дека заедничкото работење на двата водоводи е на штета на општина Охрид“. Целта поради која Петрески одлучил да даде предлог за формирање на ново ЈП, е јасна, интересот на граѓаните, вели тој.
Петрески вели дека придобивките на охриѓани се тоа што средствата собрани во Охрид ќе се трошат за Охрид а не за Струга. И од тие причини морало да се донесе тоа решение бидејќи истото е во интерес на граѓаните на Охрид. Додека пак не се налага потреба од нови вработување, бидејќи имало доволно кадар во Проаква.
Петрески е убеден дека во моментов МЈП „Проаква“, функционира како што не треба. Појаснува дека уште во 1997 година направена била голема неправда и од тогаш па наваму општина Охрид ги сноси сите последици. Тогаш јасно во статутот било кажано дека водоводите на Охрид и Струга треба да функционираат одделно, додека пак колекторскиот систем да не се дели и да биде заеднички во интерес на граѓаните за зачувување на водите на Охридското езеро. Двата процеси истовремено ќе ги тераме и формирањето на претпријатието и делбата на водоводните системи . Кое решение побргу ќе се реализира другото ќе го прекинеме.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град