Денес пред Основниот суд во Охрид, и обвинителството и одбраната ги имаа своите завршни зборови за пловната несреќа на бродот „Илинден“.
Денес пред Основниот суд во Охрид, и обвинителството и одбраната ги имаа своите завршни зборови за пловната несреќа на бродот „Илинден“. На ова последно рочиште за пловидбената нереќа, обвинителот Зоран Паноски истакна дека од изнесените докази на главниот претрес и првообвинетиот Сотир Филевски, и второобвинетиот Бранко Баиќ, се одоговорни за делото за кое се теретат, односно за „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и побара судот да им изрече казна согласно законот.
Адвокатитот пак на преживеаните бугарски државјани, Никола Мујоски во име на своите клиенти порача судот да ги земе во предвид општите правила за одредување казни, но во овој случај, на првообвинетиот Сотир Филевски да не му се изрекува ефективна казнена мерка, туку истата да се замени со некоја друга алтернативна.
Мујоски, дециден дека доколку би се степенувала одговорноста, за трагичната несреќа, Филевски е трет, пред, германски „Лојд“ и неговиот претставник Бранко Баиќ и администрацијата, односно МТВ, преку Охридската капетанија. Правниот застапник пак на починатите бугарски државјани адвокатот Ристо Петров потенцира дека покрај двајцата обвинети одоговрноста мора да сносат и други институции.
Саво Коцаре, адвокат на провообвинетиот Филески од судот побара да заборават на сентименталности при донесувањето на пресудата, односно да не се водат од бројот на жртвите во несреќата, туку да се фокусираат на законскиот момент. Имено капетанот на бродот нема одговорност за настаната несреќа, зошто претходно издадените сертификати, извршени технички прегледи и документцијата за пловидба, на бродот „Илинден“ укажуваат дека бил исправен и немало никакви ограничувања за бројот и начинот на распоред на патниците во пловниот објект. Коцаре дециден дека нема апсолутно никаков доказ кој докажува дека Филевски е сторител на кривичното дело и затоа истото останува недокажано. Ќе бараат ослободителна пресуда.
Адвокатите на одбраната на првообвинетиот Филевски посочија дека одговорност за несреќата имаат и надлежните државни институции, задолжени за безбедност на водниот сообраќај. Адвокатите пак на одбраната на второбвинетиот Бранко Баиќ, со став дека се направени големи пропусти во вештачењето и самата експертиза, како примерот со отворениот прозор на задната долна палуба.Истакажаа и жалење за одлуката на судот да им се овозможни дополнителна експертска анализа од реномирана странска компанија. Пресудата за најголемата пловна нереќа која пред речиси две години се случи во водите на Охридското езеро, судијата Милка Танеска се очекува да ја изрече во наредните три дена.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град