Советот на град Охрид ја одржа 35-тата седница

Летниот режим на сообраќај доби зелено светло од страна на Охридските избраници. Советниците и покрај тоа што го изгласаа, сепак дадоа и предлози што треба да се направи во иднина за трајно решавање на проблемот со статичкиот и динамичкиот сообраќај.

 |  Татјана Маленкова  | 
sednica
седница

Летниот режим на сообраќај доби зелено светло од страна на Охридските избраници. Советниците и покрај тоа што го изгласаа, сепак дадоа и предлози што треба да се направи во иднина за трајно решавање на проблемот со статичкиот и динамичкиот сообраќај.

Во однос на сообраќајниот режим би сакал посебно внимание да се осврни на улицата „Асном“ викана „110“ или „Писта“ каде навечер се случуваат страшни работи поради брзо возење со мотори автомобили имавме несреќен случај пред неколку дена и не би сакале да се повтори тоа. Најмалку би сакале да свикуваме сред лето комеративни седници. затоа аплеираме надлежните да си превземат дали лежечки полицајци или контроли или други мерки нека изберат за да се заштитат луѓето кои се движат на таа улица“, вели координатор на советничката група на ВМРО ДПМНЕ, Дејан Паноски.

Од одделението за комунален развој и сообраќај пак истакнаа дека летниот режим е скоро ист како и претходните две години со мали измени. Советникот за улици Зоран Шикалески додаде дека за успешно да се спроведе идејата  на локалната треба заедничка да делуваат со СВР.

Во однос на стариот дел на градот целосно ќе се забрани застанување и паркирање на четири улици Илинденска, Коста абраш, Цар Самоил, Кочо Рацин.  Со тоа што паркингот пред Горна Порта сите ќе можат бесплатно да го користат во употреба ќе се пушти и кракот од Димитар Влахов до Партизанска кој поминува покрај старата автобуска станица за еднонасочен сообраќај, поради растеретување на централното градско подрачје и воспоставување на зони на смирен сообраќај во стариот дел на градот и ќе се намали бучавоста во тој на гародот“ советникот за учици Зоран Шикалески.

sednicaСоветниците на денешната седница едногласно го ја прифатија Предлог Одлука за изменување на Одлуката за користење услуги од мобилна телефонија, како и Предлог Одлука за усвојување на Елаборатот за проценка на штета од град проследен со силен ветар и дожд во општина Охрид на ден 09.06.2011 година.

Најжешката точка за денеска за која се крена многу прашина изминативе денови околу предлог Одлука за утврдување на Нацрт детален урбанистички план за урбана заедница 2, дел од урбан блок 2.4 опфат 1 Охрид – Општина Охрид 2010-2015 беше одложена. Градоначалникот вели дека идејата на локалната со оваа точка е на ФТУ да му дадат дополнителна можност, а не да му скратат.

„Ние имавме намера со овој план на ФТУ да му дадеме нова можност, а не да им  скратиме. Имавме цел како клиничкиот ценатар во Скопје како што е болница и научна установа, исто да биде и ФТУ доколку сакаат да бидат и образовен ценатр и сместувачки капацитети. Меѓутоа очигледно настатаната е забуна се јавија шпекулации дека сме сакале да го преместиме факултетот“, додава градоначалнкот Александар Петрески.

На 35 тата  седница се кренаа два прста и за  Предлог Одлука за преземање на оснивачките права на Работничкиот Универзитет „Кузман Шапкарев“ Охрид, а се даде зелено светло и за Предлог Одлуките за разрешување и именување на членови  во Управните одбори на ЈП ја  „Погребни Услуги“ Охрид и Градски пазар.

Советниците од опозицијата иако гласаа сепак прашаа Зошто имињата на членовите на  управните одбори кои се изменуваат ги дознаваме пред седница. Сакаме имињата на сите предложени кандидати за надзорен и управен одбор да ги добивам пред седница, рече советникот  од ВМРО ДПМНЕ Борче Стефаноски.

35 тата седница остана незавршена поради три точки кои останаа за дополнувањето на истата. Се додека не се закаже продолжението советниците ќе можат да размислуваат за Предлог Одлука за основање на Јавно претпријатие за собирање, обработка и снабдување со вода ВОДОВОД ОХРИД Охрид, како и за Предлог Одлука за именување членови во Управниот одбор на новото Јавното претпријатие, како и за Предлог Одлука за утврдување Нацрт детален урбанистички план за урбана заедница 2.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top