Охридските хотелиери, со аргументи во одбарана на својата туристичка понуда. Вобичаено станува, со самиот почеток на туристичката сезона, да започне и војната помеѓу, туроператорите и нашите хотелиери. Неодамнешните изјави на претставници на туристички агенции од Скопје дека Охрид е скапа дестинација за македонскиот потрошувач, ги иницираа Охридските хотелиери остро да демнатираат. Директорот на хотел „Инекс“, Олгица Илоска, кажа дека станува збор за една чудна појава која секоја година се повторува, а намерата е само една. Охрид да се претстави како најскапа дестинација на Балканот, во која ништо не функционира онака како што треба.
Охридските хотелиери велат дека следејќи ги трендовите, оваа година ги намалиле цените на своите услуги, па така сместувањето во хотел со четири ѕвездички во прва линија на охридската и струшката ривиера, ќе ги чини туриститеза 50-70% поефтино, од сместување во таков хотел во било која од земјите во опкружувањето. Што се однесува до вонпансионската потрошувачка, преку која и најмногу се профитира, Македонија и Охрид сепак остануваат за 2-3 пати поефтини во однос на соседните туристички дестинации. Перо Кутаноски, менаџер на хотелот „Гранит“, кажа дека токму овие агенции ги прават закупите на сместувачките капацитети во Грција во месец јануари и февруари, секако по пониски цени, но интерес за нашите услуги досега не пројавиле.
Хотелиерите се зачудени, зошто во јавноста се пласираат вакви невистини, кога Охрид никогаш како годинава не бил поевтин и поорганизиран. А македонскиот турист, е оној кој знае да ја спаси сезоната за нас додаваат тие. Но фактичката состојба е поинаква, за жал нашите хотелиери својата солидна исполнетост во првиот летен месец годинава, исклучиво им ја должат на странските туристи. Минатиот месец на самеот во Скопје беше промовиран и проектот „Охрид град на среќа,светлина и светост“, преку кој врвни туристички услуги се нудеа во самиот врв на сезоната за само 21 евро. Но интерес од македонските агенции, немало, вели директорката на хотел „Инекс“.
Не е нова појавата, Охрид да се претстави како екстремно скапа дестинација, па понекогаш дури и квалитетот на водата во Охридското езеро да се користи како оружје само за да се деноминира нашата туристичка понуда. Но, жално е во период кога туризмот во Македонија се обидува да го најде своето место на светската туристичка карта, меѓусебе да си нанесуваме дополнителна штета. Сепак крајно е време е тие неколку туристички агенции и на македонскиот туристички потрошувач да му дадат можност самиот да ја избере посакуваната дестинација, соодветна на неговиот џеб, па макар таа била и Охрид.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град