Пречистителните станици не се луксуз

Во Елшани се монтираше првата пречистителна станица на отпадни води. Со имплементација на оваа технологија сопственикот на викендичка реши не само свој  индивидуален  проблем со отпадните води туку  спречува и понатамошното колективно еколошко загадување, истакнува Марија Филева Стоев, застапник од  BWC за TOPOLWATER.

 |  Валентина Нелоска  | 
Marija Fileva Stoev
Марија Филева Стоев

Во Елшани се монтираше првата пречистителна станица на отпадни води. Со имплементација на оваа технологија сопственикот на викендичка реши не само свој  индивидуален  проблем со отпадните води туку  спречува и понатамошното колективно еколошко загадување, истакнува Марија Филева Стоев, застапник од  BWC за TOPOLWATER. Филева Стоев нагласува дека за само шест месеци од почетокот на увоз на пречистителните станици кај нас се повеќе се покажува интерес за нивно вградување. Со тоа се буди совеста кај охриѓани за важноста на екологијата и чистата вода. Биолошката пречистителна станица е уред кој работи на активна тиња која се создава во процесот на пречистување. Станицата не создава бука, лесно се вградува, а и финсиски  не е лусуз за граѓаните. Со нејзино вградување може да се опфатат од 5 до 300 корисници, а има и за опфат на поголеми  населби.  Доколку во неа има вграден песочен филтер отпадните води се прочистуваат и до 98 проценти и водата може да се користи за наводнување, појаснува Филева Стоев.

precistitelna stanicaЕкологистите од „Грашница“ постојано ја следат состојбата со загадување на езерото и на околината. Посочуваат на критичните точки посебно во летната сезона на неколку  места од езерскиот брег. Таму  квалитетот на водата е од помала категорија. Сега со се поголемото јакнење на еколошката свест кај граѓаните ќе има и подобар квалитет на водата. Екологистите позитивно гледаат на првата  монтирана  биолошка пречистителна станица на отпадни води.

„Тие станици се релативно непознати. Луѓето најчесто ги испуштаат отпадните води во езерото или  во септички  јами, а тоа во Европа не се дозволува.

Во Република Македонија само 10 посто од отпадните води се пречистуваат. Во ЕУ, кон која се стремиме, големо внимание се посветува токму на секторот за управување со отпадни води. Зороски додава  дека секој чекор кон инсталирање на пречистителните станици  води чекор поблизу до Европската Унија.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top