Бесплатна вакцинација за младите девојки од хуман папилома вирусот

Медицинските истражувања покажуваат дека најчест причинител за појава на рак на грлото на матката е ХПВ вирусот.

 |  Валентина Нелоска  | 
reproduktivni organi
reproduktivni organi

Медицинските истражувања покажуваат дека најчест причинител за појава на рак на грлото на матката е ХПВ вирусот.

Кај 90 насто од заболените лица е откриено присуството на овој канцероген вирус. За превенција на ова заболување, Владата на РМ е четврта во светот која донесе одлука од оваа година бесплатна вакцинација на девојчиња од 9 до 15 години, вели д-р Владимир Поповски заменик Министер.

ginekoloska ordinacijaГинеколозите потенцираат  дека има 100 подтипови од хуман папилома вирусот, а од нив 30 може да предизвикаат промени  на грлото на матката кои водат кон добивање на рак на грло на матката. Од 30-те подтипови, 4 подтипови се најопасни и се одговорни за 70 насто од случаите од овој вид карцином. Поради тоа гинеколозите ја потенцираат важноста од вакцинацијата за да се заштитат младите девојки од опасните последици од 4 -те подвидови на ХПВ вирусот.

Д-р Иво Захариев спец. гинеколог сепак упатува предупредување дека и покрај добивањето на вакцината потребно е понатамошно  редовно контролирање на здравјето со Пап тестовите, пред се поради останатите 26 опасни под типови вируси кои не се опфатени со вакцината.
Бесплатното вакцинирање се највува дека ќе почне од 6 октомври во Заводите за здрвастевна заштита и гинеколошките здравствени установи.  ХПВ вакцинирањето е дел од проектот на Владата за промоција на семејството, семејните вредности и зголемување на многу детносемејство.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top