Општина Охрид со уште едно ново ЈП

Станува збор за „Водовод Охрид“, Охрид. На 35-тата седница на Советот на општина Охрид, која е закажана за утре 29- ти Јуни, предлог-одлуката за основање на Јавно претпријатие за собирање, обработка и снабдување со вода се најде како 14-та точка на дневен ред.

 |  Билјана Николоска  | 
Proakva
Proakva

Се е подготвено за формирање на новото ЈП „Водовод Охрид“, Охрид. Како 14 точка на дневен ред за утрешната седница на Советот на општина Охрид, е закажана предлог-одлуката за основање на новото ЈП за собирање, обработка и снабдување со вода. Со ова се реализира најавата на градоначалникот на Охрид Александар Петрески, кој пред нецели два месеци за ТВМ  образложи зошто се налага потребата од формирање на ново ЈП. Покрај тоа, Петрески уште тогаш го спомна и името на  директорот на новото ЈП.

„Точно е тоа, дека од порано сме договорени кога ќе се формира ЈП „Водовод Охрид“, дека на тоа претпријатие директор треба да биде Бранислав Трпчески. Тој тоа го избра, така сакаше и јас така сакав и беше моја желба“.

Инаку Бранислав Трпчевски, кој до 11.04 беше директор на МЈП „Проаква“, кој даде оставка и беше тема на дискусија неколку месеци, остана воздржан на ваквата најава на градоначалникот. Во краткиот телефонски разговор ни рече дека со свој коментар ќе излезе по завршување на утрешната седница.

Дали Петрески и Мерко најдоа начин да се реализира претходната замисла, кога предлогот доби подршка и од советот на општина Охрид и од Струга, МЈП Проаква да се подели на две посебни ЈП, а заедничко да остане претпријатието кое ќе стопанисува со Колекторот.

Дали новото претпријатие ќе ги превземе вработените од ПРОАКВА, кои работат во секторот водовод, или ќе се вработуваат нови лица? Правно и статутарно гледано, дали ПРОАКВА може да опстои без секторот водовод? Работите ќе бидат појасни по утрешната седница, на која сигурно ќе се одговори на дел од овие прашања.

Инаку, ставот на Локалната самоуправа во врска формирањето на новото ЈП го изнесе портпаролот Симон Илиевски. Според него, одлуките за формирање на новото ЈП се легални и се темелат врз основа на важечките законски прописи.

 

 {loadposition content9}

 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top