Охрид-рај место за развој на еко-туризмот

Од Охридско езеро, преку Галичица, се до параглајдерство и нуркање. Македонија сеуште ја нема на мапата на еко-туристички дестинации, а во меѓувреме постојано се лута помеѓу разни стратегии за развој на туризмот. Еко-туризмот е специфичен вид на туризам, но со сериозни приходи. Засега Македонија на самиот зачеток од развојот на овој вид на туризам.

 |  Мишел Наумоски  | 
Sv Naum
Св Наум

ekoturizamОхридско езеро, чисти, незагадени води, биолошка разновидност. Параметри и услови кои без никаков проблем можат да не одведат до развиен еко-туризам. Поим кој често се експлоатира во секојдневниот говор, но што тој конкретно значи? Еко-туризмот е дел од одржливиот туризам кој нуди еко-дестинации односно туризам во предели кои се одликуваат со посебни карактеристики и е познат по својата едукативна цел. Тој подразбира искачување по планина, параглајдерство, набљудување на птици, фотографирање на интересни предели, но зошто да се избере еко-туризмот пред другите видови?

„Сеуште имаме зачувани предели т.е предели кои што се одликуваат со релативно неразвиени, недоволно изградени и имаат природни ресурси кои што се во нивната исконска форма, значи тоа се наши водопади, потоа Охридското езеро, Галичица, меѓутоа токму таму треба да направивме напори да ги зачуваме онакви какви што се, ако сакаме да го развиваме еко-туризмот. На пример на Галичица веќе постојат некои желби да се урбанизираат некои делови.“-рече Ѓоко Зороски-Потпретседател на еколошко друштво-„Грашница“

ekoturizam sliki

Еко-туризмот често се меша со поимот селски туризам, поим со кој еко-туризмот се испреплетува и надополнува. Зороски вели спојот помеѓу овие два вида на туризам е вистинската формула за успех. Одличен пример за ваков спој е Брајчино, но и Охрид може многу лесно да тргне во оваа насока.

„Доколку се организираме на државно ниво, сите заедно стратешки да настапиме, тогаш можен е развојот на еко-туризмот. Потребно е многу да се организираме околу презентацијата на тие убавини преку веб-сајтови значи да имаме што поголем број на сајтови кои што на едно место ќе ги нудат дестинациите за еко-туризмот во Македонија каде што на многу лесен, достапен начин ќе може да се дојде до тие дестинации. Исто така луѓе обучени што би ги пречекале, водичи за тие еко-туристи, бидејќи тие се доста пребирливи и точно знаат што сакаат, каде би отишле.“-додава Зороски.

NP GalicicaУрбанизираните Европјани ги претпочитаат природните предели кои може да им ги понуди овој вид на туризам. И додека се лута помеѓу најразлични стратегии за развој на туризмот за кои можеби немаме никакви ресурси, едноставно би можеле да се посветиме на еко-туризмот, бидејќи се што е потребно за негов развој го имаме пред нашите очи, само некој тоа треба добро да го вклопи. Еко-туризмот претставува немасовен туризам, вели Зороски, привлекува помалку луѓе, но луѓе кои повеќе трошат. Во светот постојат голем број на еко-хотели кои се доста посетени. Еко-туризмот исто така е сериозен генератор на приходи. Пресметано е дека во светот годишниот прилив се зголемува секоја година за 5 % благодарение на еко-туризмот.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top