Старт на турбo туристичката сезона

Само со зголемување на понудата и намалување на цените за сместување, ќе се зголеми инетересот за летување во Македонија. За македонските туристи пак, грчката туристичка понуда останува топ дестинација ова лето.

 |  Крсте Голабовски  | 
Metropol
Метропол

Веќе сме длабоко во овогодишната летна туристичка сезона. Македонските туристички работници, треба да се справат со сезоната, за која експертите кои се занимаваат со туризам, велат дека ќе биде една од најтешките. И додека за македонските туристички потрошувачи и оваа сезона, Грција е дестинацијата од соништата, македонската туристичка понуда повторно останува на маргините од интересот на македонскиот туристички потрошувач. Можеби најголема причина за слабиот интерес кај македонецот, тој да летува во нашите туристички капацитети, претставува високата цена на понудите од страна на туристичко-угостителските објекти. Претставниците пак на туристичко-угостителските објекти од Охрид, задоволни со стартот на сезоната. Велат илузорно е да се прави споредба со Грција, а намалувањето на цените на хотелските услуги пред почетокот на сезоната би била само избрзана реакција, вели Филип Мишевски, заменик директор на хотели „Метропол“.

hotelska sobaШто се однесува до стратот на сезоната Мишевски вели дека степенот на искористеност на нивните капацитети во месец јуни бил солидни 80 %, додека за месеците јули и август очекуваат овој процент да се зголеми. Гостите од Холандија, Израел и Финска се најбројни, а тука се иако во помал број и гостите од земјите од опкружувањето. Секако добредојдена би била реализацијата на ветувањата на Владата за најавеното намалување на данокот на ДДВ од 18 на 5 проценти на хотелското сместување и намалување на туристичката услуга, вели Мишевски. Тој додава дека истото ќе овозможи намалување на цената на услугите до одреден степен како и за развој на туризмот, но доколку ветувањата се исполнат, бенефитот ќе се почувствува веќе од идната сезона.

ElidaОд туристичките агенции од градов пак, велат дека оваа сезона започна турбо. Се нудат аранжмани за летување во соседна Грција по само 100 евра, за 7-10 дена, се тоа со организиран превоз. Што се однесува до Македонија, интересот  постои, но само како дел од поголем туристички аранжман, вели Елида Битрак од Т.А.„Елида турс“. Високите цени на туристичката понуда во Македонија сеуште најголема пречка, додавата Битрак.

И хотелските и агенциските туристички работници се согласни во едно. Подобрувањето на патната инфраструктура, особено на патниот правец Скопје-Охрид, е императив за успешно продавање на Охридско-Струшкиот tуристички регион. И едните и другите исто така ја поздравуваат намерата, македонскиот туристички производ да се продава како дел од еден поголем туристички производ, што беше причина за неодамнешната посета на претставници од 20-тина германски туроператори, на сахралните објекти низ Македонија, како можни дестинации за еден поголем туристички аранжман.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top