„Мирен сон“ со апел до советниците

Операторот за погребални услуги „Мирен сон“ реагира на утрешната точка на општинскиот Совет која ќе се најде пред охридските советници.

 |  Валентина Нелоска  | 
opshtina
општина

opshtinaОператорот за погребални услуги „Мирен сон“ реагира на утрешната точка на општинскиот Совет која ќе се најде пред охридските советници. Тие треба да се изјаснат по предлог Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за утврдување на надоместокот на услугите што ги врши ЈП „ Градски гробишта“. Со најновата одлука се предвидува да се  наметне  нова давачка за граѓаните во висина  од 1000 денари по погреб, за пристап и користење на комуналната инфраструктура на гробиштата. Во реакцијата на „Мирен сон“ стои дека граѓаните преку операторите за погребални услиги веќе плаќаат ваков трошок, според Законот за гробишта и погребални услуги, за ладилник 40 денари на час и мртовечница 870 денари на час.  Сега новата давачка за граѓаните преставува незаконско наметнување  на дополнителни трошоци и плаќање два пати за иста услуга, смета операторот за погребални услуги. Напоменуваат дека и Министертсвото за транспорт и врски, надлежно за оваа проблематика, писмено се изјаснало по ваквиот предлог дека со секој дополнително наметнат трошок се крши  Законот и Уставот на РМ. Од „Мирен сон“ апелираат советниците да застанат на страната на граѓаните  и  да не ја усвојат  утрешната точка  бидејќи е штетна за граѓаните.

 {loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top