Некои сметаат дека нашата реалност е создадена така како што е опишана од нашиот јазик. Нашиот јазик и лингвистика можат да го сменат видувањето за нашата реалност. Министерката за култура Елизабета Канческа Милеска, која го отвори 44-то издание на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура истакна дека „Можеби еден од најзначајните делови на целокупното културно наследство на еден народ, претставува неговиот јазик. Тој е компонента која го детерминира потеклото на народот, неговото минато и неговиот идентитет, без него, идентификацијата во светски контекст е невозоможна“. Станува збор за семинар кој низ годините прерасна во своевиден глобален центар за македонистика.
Во работата на семинарот ќе учествуваат 120 македонисти, од 24 земји ,професори по македонски јазик и литература, преведувачи, научни работници, слависти и студенти, кои го изучуваат македонскиот јазик. Велимир Стојковски ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, за учесниците на семинарот истакна дека, овој сега веќе глобален центар за македонистика, всушност претставува мост помеѓу генерациите, преку кој поминале повеќе од три илјади слушатели од повеќе од 45 држави.
Во рамките на Семинарот ќе се одржи и научна конференција, која годинава ќе биде посветена пред се на јубилејот – 90 години од раѓањето на Блаже Конески, како и одбележувањето на 150 годишнината од издавањето на „Зборникот“ на браќата Миладиновски, истакна директорот на Меѓународниот семинар за македонски јазик литература и култура Проф. Д-р.Максим Каранфиловски.
Интересот за изучување на нашиот јазик е голем. Современиот македонски литературен јазик од своето постоење се изучува на повеќе високообразовни институции, додека катедри за изучување на македонскиот литературен јазик постојат во речиси сите реномирани светски универзитети. Од универзитетите во Русија, САД, па се до универзитетите во соседните балкански земји. Станува збор за еден исклучитилено интересен, но и тежок за учење словенски јазик, велат учесниците на семинарот.
„Словенците се интересираат за изучување на овој јазик, но тешко им е бидејќи е многу различен од Словенскиот, треба многу да се учи, па има многумина кои прво започнуваат а потоа се откажуваат, вели Проф. Соња Должем од Словенија.
Професорката Алина Костриченко од русија пак истакна дека студентите сакаат да учат нешто необично, сите знаат Англиски, а Македонски ретко кој знае, па моите студенти сакаат да бидат посебни.“
И оваа година летната школа, на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура, ќе изобилува со богати содржини, лекторски вежби, курсеви по избор од македонскиот јазик, македонската литература, страословенски јазик, археологија, како и курсеви по народни игри и песни. Во нејзините рамки ќе работи и преведувачка работилница, а за слушателите се предвидени предавања од областа на македонскиот јазик, литература, култура и историја, кои ќе ги држат еминентни специјалисти од земјава.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град