Грдата слика на остатоците од некогашниот „Mост на Нина“, набргу ќе исчезне. Новиот идеен проект за мостот во тродимензионална техника веќе е на маса кај првиот човек на градот Рамиз Мерко. Градоначалникот вели дека идејниот проект ги поминал сите институционални и јавни филтри, така што веќе за него може да се даде зелено светло и да се објави тендер за изградба и да се избере изведувач. Мерко рече дека новиот мост ќе се разликува од досегашниот кој поради неговата небезбедност се заменува со нов.
Мостот на Нина се најавуваше дека ќе биде готов уште минатата година, но ништо од тоа. Работиите закочиле пореди неколку околности меѓу кои и финансиите вели Мерко.
Новиот мост кој треба да отпочне да се гради после туристичката сезона ќе чини околу 150 илјади евра. За отстранување на остатоците од стариот мост издвоени се средства од 5 000 евра и веќе има фирма која ќе го направи тоа. Новиот мост планирано е да биде пешачки, но градоначалникот Мерко вели дека статиката на истиот ќе дозволи поминување на противпожарно возило како и на лесни возила, но само во една насока.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град