Камп на заднички насмевки и желби

Целта на овој проект е психосоцијална поддршка на овие деца, како и на нивните родители. Проектот е финасиран од „Кореа Ауто Трејд“ од Скопје.

 |  Крсте Голабовски  | 
leten kamp
летен камп

Прекрасно е чувството, а задоволството неизмерно кога ќе се види насмевката кај само едно детенце, велат волонтерите на „Црвениот крст“. Амбициозниот проект кој за прв пат беше реализиран во 2005-та година, деновиве го живее и своето второ издание. Деновиве во Струга, десетици дечиња со вродени или стекнати срцево-садови заболувања, кои се лекуваат во Специјалната болница за хируршки болести „Филип Втори” учествуваат на летниот камп. Акцентот на неколкудневните активности е ставен на поттикнување на здравите капацитети кај овие деца и изразување на нивната внатрешна реалност низ креација, вели Ана Францик  активист на ЦК од Скопје.

Основната причина за организирањето  на овој камп е едукацијата и ресоцијализација на овие деца. Тим во состав на педијатар и на психолози од Филип Втори заедно со волонтерите од Црвениот крст низ креативни работилници ги едуцираат и ресоцијализираат децата со вродени срцеви маани. Исто така оваа година се вклучени и родителите, на кои ќе им се помогне во надминување на животната криза. Се со цел, да се надградат капацитетите на семејствата за подобар приод кон своите деца кои имаат срцеви маани. За целите на проектот испечатен е и Прирачник за родители и наставници, како и боенка на тема „Моето срце во сите бои“, вели психологот Љубица Наумовска.

leten kampЛетниот камп се реализира со финансиски средства обезбедени од Кореа Ауто Трејд, како и дел од средства обезбедени како директна донација од Принципалот – Hyundai Motor Company, кој овозможува поддршка во филантропската мотивација на оваа компанија во Македонија, вели Маркетинг менаџерот од оваа компанија, Кристина Цветковска. Таа додава дека задоволството кое го добиваат од детските насмевки е она што ги тера да продолжат понатаму со други, слични проекти.

Подоготовката за овој проект се состоеше во реализацијата на четири подготвителни тематски работилници предводени од тим на педијатар и психолози од одделот за психологија и психотерапија од „Филип Втори“. Предавачи на кампот се д-р Иван Милев, педијатар, субспецијалист кардиолог, како и тимот на психолози Татјана Ристова-Димова, Љубица Наумовска и Фросина Ристова.Проектот  „Моето срце во сите бои” првпат е реализиран во 2005 година како резултат на една успешна соработка помеѓу ПЗУ „Филип Втори” и Црвен крст на град Скопје.

 {loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top