Ачик, градежен шут во центарот на Струга

Ниско ниво на одржување на јавната чистота во Струга. Централното градско јадро класичен пример за хаосот во комуналната сфера. Надлежните, години наназад наместо да се заложат за надминување на ваквата состојба, тие само ја комплицираат и прогледуваат низ прсти на сторителите на ваквиот хаос кои се добро познати, се жалат дел од граѓаните на оваа општина.

 |  Билјана Николоска  | 
gjubre
ѓубре

Цела струшка чаршија и пошироко, одлага смет на едно место, во строгиот центар на градот. Во комуналната сфера владее невиден хаос и самоволие на поединци, за кои очигледно не важат законски пропишаните норми во делот на одржување на јавната чистота во градот, реагираат граѓаните. Струга, како познат туристички центар, пред бројните гости треба да се покаже во добро светло а не да се препушти во рацете на досегашното лошо менаџирање на раководство во комуналното претпријатие на градот, сметаат дел од нив.

Градежниот шут на неколку фрекфентни места во градот, боди очи. Наместо да се подигне, секој ден се повеќе и повеќе се натрупува. За ваквата состојба која ја регистрира и нашата камера, со допис до нашиот медиум се пожалаа и дел од жителите на центрелното градско подрачје, Тие неколку дена шетале по надлежните институции надевајќи се дека постои слух кај ЈП „Комунално“ од Струга, или пак некаква одговорност.

gjubreЕдинственото ЈП „Комунално“ од Струга, кое треба да даде одговор за грдата слика во централното градско јадро, буквално се изживува со нас, велат дел од засегнатите граѓани кои не сакаа да коментираат пред нашата камера. Тие кажаа, дека до директорот Петко Кутаноски тешко се стигнувало и покрај нивните бројни неколкудневни инсистирањa да се сретнат со него. Жителите со списокот в рака на сите прекршители на јавната чистота, секретарката на Кутаноски ги упатила до канцаларијата за логистика во ЈП. Од таму биле препратени до комуналната инспекција, која ги посоветувала да тропнат, на според нив вистинската врата, поточно назад пак во ЈП „Комунално“, Струга. И од комуналниот инспекторат имаат свои забелешки на работата на струшкото јавно претпријатие во некои делови. Алиет Амер од комуналниот инспекторат вели дека од нивна страна вршат редовни контроли, прават  записници и издаваат решенија, но некој очигледно затајува.

Ова зборува дека покрај хаосот во поглед на чистотата на градот, владее хаос и во ЈП, кое по се изгледа нема капацитет да се соочи со реалните проблеми кои се во нивна надлежност и тоа не само на граѓаните туку и на комуналниот инспекторат.

 

 {loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top