Зачестени сервисните интервенции на водоводната мрежа

Од јавното претпријатие „Нискоградба“ смируваат и велат дека станува збор за тековни интервенции кои облигаторно, минимум еднаш годишно, мора да бидат спроведени.

 |  Крсте Голабовски  | 
niskogradba
нискоградба

Секоја година пред почетокот на летната сезона, се интензивираат сервисните интервенции на водоводната мрежа во градот и приградските населби. Станува збор за тековни проверки, пробивање на водоводните цевки, зафати кои минимум еднаш во годината мора да се спроведат, вели Влатко Ивановски раководител на Одделението за одржување, во Јавното претпријатие „Нискоградба“ од Охрид. Ивановски додава  дека претходно се прави договор со сите институции и се информира јавноста.

Од „Нискоградба“информираат дека години наназад, приградската населба Трпејца, се соочува со проблеми со водоснабдувањето. Оваа година во Трпејца беа поставени 1100 метри водоводна мрежа, која не беше конектирана, па поради тоа поголемиот дел од службите на ова јавно претпријатие се веке таму, за да во наредните конечно се реши проблемот со водоснабдувањето во оваа приградска населба, кажа Ивановски.

Така, прекин во снабдувањето со вода во познатата туристичка населба ќе има на 23.06. и на 24.06.2011 год., четврток и петок во периодот од 08:00 – 16:00 часот,а во текот на ноќта ќе има намален притисок. Зафатите продолжуваат и во централното градско подрачје, па така на поплаки од граѓаните за намален притисок, се интервенира на улиците „Питу Гули“, „7-ми Ноември“. Од Ј.П.-ја Проаква и Нискоградба потенцираат дека будно ке се следи состојбата за време на сезоната се со цел водоснабдувањето се одвива во најдобар ред.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top