За еден месец во живот се враќа некогашната кино бавча

Просторот каде што некогаш во лето на отворена сцена се прикажуваа  филмови ќе се обновува.

 |  Валентина Нелоска  | 
prostor za kino bavca
простор за кино бавча

prostor za kino bavcaПросторот каде што некогаш во лето на отворена сцена се прикажуваа  филмови ќе се обновува. Познатата и често посетувана поранешна кино бавча сега е обрасната со трева и со делови  од инвентар на   угостителски локал кој пред неколку години би најмуван овој простор. Пред 20 –тина години овој  простор за охриѓани важеше за омилена кино бавча. Работите со средување на просторот се очекува да старуваат деновиве, а се очекува да завршат и сцената  да биде пуштена во употреба до крајот на месец  јули, вели директорката на центарот за култура Драгана Боцеска.завршивме со администартивните работи избравме изведувач, имаме и спонзор градежната фирма Горица, информира Боцеска..

На почетокот од годинава со проект на Центарот за култура се обезбедени  финансиски средства  од ресорното министерство. Просторот ќе се опреми со 200 монтажни седишта и бина истакнува Боцевска. Просторот  ќе се намени  за проекција на филмови, но и за фолклорни и хорски фестивали, драмски престави  и разни концерти.

За гледање на филм и уживање во концертните случувања ќе се потрошат 200.000 денари. Платното и системот за озвучување Центарот веќе ги има  обезбедено. Повозрасните охриѓани ова лето ќе имаат можност да се присетат на некогашното уживање во гледање филмови на отворен простор.

 {loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top