Првиот дел од јунскиот уписен рок заврши. Од Средното Општинско училиште, „Св.Климент Охридски“, задоволни од интересот.
Голем интерес за упис во О.С.У. „Св.Климент Охридски“. Од слободните 440 места во оваа образовна установа, само во првиот дел од јунскиот уписен рок, пријавени околу 370 идни гимназијалци. И тоа, за 12- те слободни гимназиски паралелки, 4-те економски, како и медицинската, која веќе четврта година по ред буди голем интерес кај идните средношколци. Директорот на гимназијата Наум Рилкоски задовлен од текот на уписите, најави неколку олеснителни околности за следните уписни рокови.
Директорот Рилкоски, задоволен и од текот на државната матура неодамна спроведена во оваа образовна институција. Под будното око на набљудувачи од Државниот испитен центар, Бирото за развој на образование и Државниот просветен инспекторат, во целост успешно беа реализирани матурските испити. Со задволство можам да констатирам, дека станува збор за една од најдобрите генерации кои досега излегле од оваа инстиуција и убеден сум дека и самите резултати ќе го покажат тоа, вели директорот Рилкоски.
За поздравување се резултатите и од спроведената минатогодишна матура, со оглед на тоа што станува збор огромен број ученици како од Гимназијата така и од Економското училиште кои сеуште заедно функционираат. Директорот Рилкоски вели дека резултатите би биле уште подобри, доколку критериумите на оценување не се формираат после самото оценувањето. Рилкоски уште додаде дека во тек се и некои инфраструкурни зафати во спортска сала на училиштето кои би требало да завршат пред почетокот на новата учебна година.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град