Охридски Комуналец започнува со акцијата „Препознатливо чист“

На први октомври, ЈП „Охридски Комуналец“  ќе започне  кампања насловена како „Препознатливо чист“, за успешно спроведување на законот за јавна чистота во Охрид.

 

 |  Валентина Нелоска  | 
JP Komunalec Ohrid
JP Komunalec Ohrid

На први октомври, ЈП „Охридски Комуналец“  ќе започне  кампања насловена како „Препознатливо чист“, за успешно спроведување на законот за јавна чистота во Охрид.

Во првата фаза граѓаните ќе добијат со сметката за ѓубре,  промотивен материјал. Во флаерите ќе бидат наведени обврските како граѓаните да се однесуваат со отпадот и шутот. Од ЈП „Охридски Комуналец“ нагласуваат дека е потребно од Секторот за урбанизам конечно да ги  дефинираат местата во чаршијата каде да  се постават корпите за отпад и отпушоци, „за да не се случува како во минатиов период, комуналците да ги поставуваат, а дуќанџиите да ги отстрануваат“, вели Боро Павлоски директор на јавното претпријатие.

kontejneriВтора фаза се едукативни  средби кои  ќе се спроведуваат  со граѓаните, со децата од градинките и со учениците од основните и средните училишта. Преставници на ЈП „Охридски  Комуналец“ со оние граѓани кои веќе заработиле казни ќе  ги мотивираат и договараат начин како таа казна може да ја заменат со општо корисна работа. Ќе одредиме дали да се чистат делови од градот, плажите или некое село, вели референтот на јавна служба СашоАлчев.

Во третата фаза граѓаните ќе добиваат и специјални ќеси за селектирање на Пет амбалажата и хартијата. За оваа намена низ градот ќе бидат поставени и контејнери. Во кампањата на ЈП Охридски Комуналец ќе бидат поделени 15.000 флаери, а целата кампања чини околу 75.000 илјади денари.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top