Се поголем број на спортски школи се отвораат во Охрид

Спортскиот живот во Охрид полека се буди од долгогодишната хибернација. На површина излегуваат се повеќе спортски школи кои ги насочуваат младите во Охрид кон здравиот живот и подалеку од компјутерските игри и телевизијата. Еден од најновите вакви проекти е и фудбалската школа ПРЕМИЕР која своето официјално претставување го имаше и на летниот фудбалски турнир за деца кој започна вчера на стадионот Билјанини извори.

 |  Мишел Наумоски  | 
fudbaleri
фудбалерчиња

Охрид полека прераснува во еден од најспортските градови во земјава. Се чини дека долгиот зимски сон конечно завршува, а се случуваат се повеќе спортски активности. Веќе може да се рече дека градов дури изобилува со спортски школи, дали од фудбалот, дали од кошарката, ракометот или било кој друг спорт. Еден од последните вакви проекти и секако најсвежиот е фудбалската школа ПРЕМИЕР која официјално се претстави и на летниот фудбалски турнир за деца кој започна вчера.

shkola Premier clenovi

„За малите деца ова е еден голем плус. За секоја школа, безразлика во која фаза се наоѓаат, ние како што потенцирав се наоѓаме во една почетна фаза, значи 3 месеци еве кај што дрѓиме тренинзи. Децава уште меѓусебе се запознаваат, се дружат и секако еден голем напредок ќе биде за децава и дружењето и запознавањето со другите фудбалски школи и паралелно со унапредувањето на секоја фудбалска школа и учење на нови фудбалски вештини, секако тоа е еден голем плус.“-вели тренерот Силјаноски

Во градов гравитираат неколку фудбалски школи меѓу кои се наоѓаат и Еврофудбал, Фер плеј, Охрид 10 Јуниор, а една од нив е и фудбалската школа ПРЕМИЕР. Иако оваа фудбалска школа е неодамна формирана, сепак може да се пофали со сериозна бројка на пријавени деца.

Siljanoski„Во нашата фудбалска школа, имаме досега околу 100 деца зачленети. Масовноста е значи на големо ниво. Има доста голема заинтересираност и се надеваме дека ќе продолжиме во исто темпо и понатаму.“-додава Силјаноски

Децата од фудбалската школа ПРЕМИЕР вчера ги одиграа и првите две средби на фудбалскиот турнир кој се одржува на стадионот Билјанини извори. И двата натпревари за жал ги загубија со резултати од 2:0 и 2:1 против Еврофудбал и Фер плеј соодветно. Денес им преостанува завршниот трет дуел против екипата на Пелистер во кој малите таленти ќе бркаат достојна завршница на турнирот. Сепак како што напомена и тренерот Силјаноски, резултатите засега се од второстепена важност, она што е најважно за овие деца е секако дружењето и учењето на овој благороден спорт.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top