Охридската Саат кула со својата едноставност и скромност, вгнезден во зеленилото на Бајрот, пркоси низ врмето. Со висина од 12 метра гордо стои и на охриѓани и неговите посетители им го покажува точното време. Поставен на камена кула сатот опстојува и не се предава пред времето. Саат кулата според податоците е изградена во 1726 година. Сместена е во источниот дел на Самоиловата тврдина, во месноста Дебој, Месокастро. Во внатрешниот дел на кулата има напис со кој е забележано името на нејзиниот донатор. Саат кулатa ја изградил Чавуш Дере Сулејман Ага.
За изградбата на саат кулата постојат мошне скудни информации. Четирите пушкарници кои ги има кулата остануваат енигма дали таа првобитно била изградена како одбрамбен бедем за Месокастрани кои биле надвор од градските ѕидини на Варош или пак, како часовник кој во одредено време ги повикувал турците на молитва. Низ трите века постоење градскиот саат имал бројни премежија исто како и неговите жители. Како и секој часовник и овој го отчукувал времето и судбините на многу генерации охриѓани.
Денес , за неговото одржување доброволно и со голема љубов, се грижи охриѓанецот Боро Упевче.Тој веќе 20 години дел од своето слободно време го посветува на сатот за да работи и да го покажува точното време. Упевче вели не е тешко одржувањето ама е обврска и кон сограѓаните и кон овој историски белег на градот. Тој кажува дека првобитниот механизам бил со тегови и со механичко движење се до Втората светска војна кога престанал да функционира бидејќи механизмот бил растурен. Се до овој период саат кулата го отчукувала секој изминат час по муслиманското мерење на времето. Боро Упевче кажува дека сатот прво бил направен со механизам кој го покажувал времето по турски начин на сметање, ала турка и функционирал се до II –та Светска војна. Механизмот е отстранет, за потоа да се постави механизам кој го покажувал времето според новите европски стандарди. По овој период градскиот часовник долго време не работел.
Овој споменик на културата бил запоставен и исклучен од секојдневието на охриѓани. Иако некогаш луѓето најчесто се раководеле според неговото мерење на времето за негово враќање во живот немало пари. Така низ времето за судбината на часовникот повеќе се грижеле другите од колку ние самите. Во неколку наврати туѓинци донирале пари за да го вратат од заборав и уништување. Првата донација се случила 20 години по неговото престанување со работа. Во 60-те години кога Охрид бил центар на маратонското пливање за градскиот часовник се заинтересирал принцот од Кувајт. Во 1962 за време на маратонот принцот донирал пари за рекострукција на сатот и истата била направена, но не бил набавен механизам и сатот не функционирал.
После само неколку години во 1965 година во неразјаснети околности градската саат кула настрадала во пожар. Едноставната конструкција на саат кулата по опожарувањето повторно била оставена на забот на времето. Неколку години потоа се повторува истата приказна. Странци повторно се заинтересирале за судбината на градската саат кула. Во 70-те години од минатиот век при збратимувањето на Охрид со Нови Сад од Војводина, новосадчани донираат средства за да се набави сегашниот махенизам и ја финсираат реконструкцијата на саат кулата. Механизмот на часовникот е од чешко производство. Станува збор за електор механички саат кој бара дури и помало одржување од другите класични механички сатови , објаснува Упевче.
Тој во изминативе години два пати во годината го прави усогласувањето на зимското илетното сметање на времето и интервенира по потреба. Сега се почесто механизмот бара интервенција заради прокиснување на неговиот кров, додава Упевче. Веќе е време да се направат поправки и да се уреди просторот околу саат кулата. Потребно е да се направи финансиска конструкција нагласува Упевче. Според времето на градба на саат кулата 1726 година се совпаѓа со периодот на процутот на Отоманската Империја односно ерата на Лалето, попозната во историјата како период на Тулип Деври. Во тој временски период со империјата раководел Султанот Ахмет III, а Големиот Везир бил Невшехирли Дамат Ибрахим Паша. Големиот Везир Ибрахим кој управувал со тогашната влада го зачувал невообичаено внатрешниот мир во Империјата и бил свртен кон Европа. Тоа било време на екстравагантни прослави и раскошни забави. Големиот Везир бил оженет за султановата ќерка принцезата Фатма. Таа имала огромно политичко влијание и врз татко и Ахмет III и врз сопругот Големиот Везир. Некои историски извори токму неја ја поврзуваат како управувач со Тулип ерата која започнала од 1718 година и траела до 1730. За време на овој период елитата на високата општествена класа од Отоманската Империја покажувала извонредна наклонетост кон лалето. Во Отоманската империја се градело и творело во симболот на лалето. Охридската саат кула нема елементи од овој симбол како во останатите делови од тогашното царство, но како градба се совпаѓа со овој историски период од Отманската Империја.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град