Заврши доказната постапка за бродот „Илинден“

Иако се очекуваше на денешното рочиште да бидат дадени и завршните зборови на адвокатите на двете страни, сепак истите се одложени за дваесет и четврти овој месец.

 |  Крсте Голабовски  | 
ilinden brod
брод Илинден

Крај на доказната постапка за најголемата пловна несреќа во Македонија. Иако се очекуваше денешниот главен претрес да биде последниот за несреќата на бродот „Илинден“, сепак на барање на адвокатите на второобвинетиот, завршните излагања и на адвокатите на обвинението и на одбраната, беа одложени за наредната недела.
sudenjeДенес пред судот во Охрид беа доставени надополнувањето на експертизата за пловната несреќа, извршена од страна на вештите лица на Машинскиот факултет од Скопје, како и известување од Капетанијата од Охрид за тоа дека на Сотир Филевски, му бил доставен Привремениот сертификат за извршен технички преглед на бродот „Илинден“ во 2006 година. Адвокатот на првообвинетиот Димитрија Цобоски, незадоволен од доказот кој Капетанијата повторно го достави.

Денес пред судот во Охрид, беше изнесен и доказ дека во 2006 та година, Владата на РМ преку ресорното министерство воопшто немала склучено договор со  кој германски „Лојд“ е овластен за вршење на техничките прегледи на пловните објекти, на што адвокатот на второобвинетиот, Драган Тоноски, со став дека станува збор за усен, неформален договор, чија валидност долго беше предмет на дискусија на денешното рочиште, Тоноски истакна и дека во наводниот сертификат од 2006-та година, стои забелешката за отстранување на доградбата на палубата на бродот „Илинден“.

Адвокатот пак на првообвинетиот пак Саво Коцаре, потсети дека доказот доставен пред судот денес дека во 2006 та година, Владата на РМ преку ресорното министерство воопшто немала склучено договор со  кој германски „Лојд“ со кој Лојд би бил овластен за вршење на техничките прегледи на пловните објекти е доказ дека сите докази кои се приложуваат  за наводно извршените технички прегледи и привремениот сертификат за пловидба за 2006-та година, се невалидни.

vagjanje na brodot IlindenСудот во Охрид ги одби новите барања од страна на адвокатите на одбраната на второбвинетиот за долонителна експертиза од страна на институција која не е од Македонија, како и доказите за наводните дописи помеѓу Владата на РМ и Германски „Лојд“ во 2006-та година.
Најверојатно последното рочиште за пловидбената несреќа, на барање на адвокатите на второобвинетиот, Судијата Милка Танеска го закажа за дваесетичетврти  овој месец. Инаку во пловната несреќа на бродот „Илинден“ кој потона на 5 септември 2009 година, на околу 300 метри од брегот на Охридското Езеро, во близина на авто кампот „Елешец“,животот го загубија петнаесет туристи од Република Бугарија.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top