• Почетна
  • Archive
  • Спорт
  • Прекрасна атмосфера на отворањето на летниот фудбалски турнир за деца

Прекрасна атмосфера на отворањето на летниот фудбалски турнир за деца

Летниот турнир во фудбал за мали деца од денес и официјално започна. Турнирот се одржува за генерацијата 2000/2001 година. Овој турнир претставува дел од проектот „Илјада деца на спортски“ кој го спроведува Јавното претпријатие „Билјанини извори“. На турнирот учествуваат неколку екипи од Охрид, но и од другите градови од земјава.

 |  Мишел Наумоски  | 
fudbaleri
фудбалерчиња

Се чини гласното пеење и навивање од трибините на „Билјанини“ го означија турнирот за фудбал за официјално отворен уште пред тоа навистина да се случи. На тревникот ќе истрчаат вкупно осум екипи од кои дури четири се од Охрид. Домашната публика составна од роднини и соученици на малите ѕвезди започна гласно да ги бодри своите миленици па за момент се добиваше впечаток дека наместо на „Билјанини“, ние се наоѓаме на „Вембли“ и го коментираме најзначајниот натпревар во годината. Реалноста е дека фудбалската игра навистина многу им значи на овие деца.

„Турниров е за дечиња од 2000/2001 година, значи генерациски 2000/2001 година. Секако ние сме во една почетна фаза, фудбалскава школа ПРЕМИЕР и се нафативме да учествуваме на овој турнир. Не ни има голема улога резултатот, важно е дружењето за децата, правилен раст и развој, правилна насоченост уште од малите возрасти за децата и за таа цел се формираат фудбалските школи.“-рече тренерот на фудбалската школа ПРЕМИЕР-Филип Силјаноски

fudbaleriПокрај фудбалската школа Премиер, од Охрид учествуваа и фудбалските школи на Фер плеј, Еврофудбал и Охрид 10 Јуниор. Учесници имаше и од други градови од земјава. Меѓу нив беше и фудбалската школа на битолски Пелистер.

„Било кој турнир да се организира има потешкотии, има голема организација и затоа добро е што вака се сетиле да организираат во Охрид. И мислам дека и натаму ќе продолжат и со други генерации, овие се едни од најмалите, почетници. За нас како клуб е добро што ќе можат да го покажат целокупното знаење што досега ние како тренери сме го вложиле во нивна едукација и развој како фудбалери.“-вели Лазе Гаштаров-Тренер и координатор на Фудбалска школа-Пелистер

На турнирот се натпреваруваа и фудбалските школи на Работнички, Македонија Ѓорче Петров и Форца. Учесниците на турнирот ја искажаа својата искрена благодарност за организаторите на турнирот. Фактот што отворањето на овој турнир беше попосетено од некој прволигашки натпревар единствено говори за жарот и желбата со која овие мали таленти го играат овој спорт. Искрено се надеваме дека овој жар наскоро ќе прерасне во вистинска огнена стихија на млади фудбалери.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top