Шпанецот Фернандо Алонсо е победник на големата трка за наградата на Сингапур, една од најинтересните на шампионататот Ф1, во последниве неколку сезони.
Шпанецот Фернандо Алонсо е победник на големата трка за наградата на Сингапур, една од најинтересните на шампионататот Ф1, во последниве неколку сезони.
Возачот на Рено, триумфираше пред Ник Розеберг и лидерот на шампионатот Луис Хамилтон. Британецот ја искористи катастрофалната грешка на тимот на Ферари во боксот, кога Фелипе Маса, тргна пред екипата да го извлече цревото за гориво од автомобилот. Бразилецот поради истиот инцидент брзо беше казнет со минување низ боксот, па поради тоа падна на крајот и заврши на 13-то место.
Хамилтон сега, на три трки пред крајот на сезоната, има 7 поени повеќе од Маса. Светскиот шампион Кими Раиконен имаше удес на самиот крај од трката и не успеа да ја заврши, па со тоа ферари викендот во Сингапур го заврши без поени и во генерален пласман му го предаде водството на Макларен. Ова за Алонсо беше прва победа оваа сезона, ана Рено тимот пва после 2006 година.
Првата трка во Сингапур и првата трка возена ноќе во историјата на Ф1 шампионатот беше преполна со интересни инциденти, а два пати на патеката излезе сејфти кар.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град