Летен турнир во фудбал за најмладите. Од утре на СРЦ „Биљанини извори“ младите фудбалери од неколку фудбалски школи од Охрид како и од други градови од земјава, ќе ги покажат своите играчки вештини во овј спорт. ТСтанува збор за само еден дел од од проектот на Јавното претпријатие „Биљанини извори“ насловен како „Илјада деца на спортски“. Проект кој спред директорката на Ј.П „Биљанини извори“, Гордана Јовановска, е обид неколкуте спортови за кои има услови во СРЦ, да се доближат до најмладите.
Намерата е, додава директорката Јовановска да се зголеми спортската понуда на центарот, како и туристичката понуда на градот. На турнирот, ќе учествуваат осум екипи. И тоа четири на фудбалските школи од Охрид, „Охрид 2010“, „Премиер“, „Фер плеј“ и „Евро Фудбал“ и четири клубови од другите градови од македонија, „Работнички“, „Ѓорче Петров“, „Пелистер“ и „Форца“. Ќе трае два дена, а наградите ги обезбедија фудбалските школи. Турнирот е во организација на ЈП со подршка на Локалната самоуправа од Охрид. Тренерот на „Фер Плеј“ Игор Настоски потенцира дека тајмингот е совршен, сега кога децата завршиле со своите училишни обврски.
Покрај турнирот во фудбал, за кој од наредната година се надеваат дека ќе добие и интернационален карактер, напори ќе се прават на најмладите да им се доближат и атлетиката, кошарката и спортот за кој одамна не сме слушнале во градов, а тоа е ракометот.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град