Охрид домаќин на Меѓународна конференција посветена на “Националните стратегии за борба против трговијата со дрога – намалување на снабдувањето со дрога“. Конференцијата е во организација на Министерството за внатрешни работи и Женевскиот центар за демократска контрола на вооружените сили.
„Ваквите конференции се од исклучителна важност не само заради темата која се обработува, туку несомнено претставува еден од најсложените проблеми и еден од најкомлексните облици на криминал, туку и заради можноста експертите на соодветно ниво да се започнаат меѓу себе и да рзговараат за новите техники и методи и во истражувањето но и во делот на гонењето на кривичните дела од ваков тип“, истакна министрката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска.
„ Сведоци сме дека во последно време трговијата со дрога и сите оние кои се занимаваат со активноти поврзани со наркотични средства се прилично иновативни и според методите кои ги користат и според начините кои ги користат за пренесување на дрогата, криумчарече, злоупотреба и преработка на дрогата. Токму затоа ценевме дека е добро Р Македонија по втор пат да се јави како домаќин на ваква конференција каде освен практичен аспект за размена на искуствата луѓето од науката ќе можат да дадат свое убедување во делот на новите форми и методи во делот на откривање на недозволената трговија“, истакна Јанкуловска.
Министрката додаде дека Македонија до овој момент мошне успешно се справува со трговијата со дрога и дека благодарение на успешните акции во изминатиов перид пресечени голем меѓународни канали.
Заклучоците од конференцијата ќе бидат објавени во алманах кој ќе биде од корист на институциите кои се занимаваат со борба против недозволената трговија со дрога, најави директорот на Бирото за јавна безбедност, Љупчо Тодороски. Тој истакна дека Македонија има капацитет да организира редовно вакви конференции во Охрид на кои научни експерти ќе ги изнесуваат најновите сознанија и методи, со цел создавање нова стратегија и методи за борба против трговијата со дрога.
„Развивањето на науката во делот за методите за откривање на кривични дела во врска со дрогите не охрабруваат да продолжиме понатаму да ги повикуваме сите истражувачи кои работата на оваа тема да доаѓаат овде секоја година со новите истражувања да ги разгледуваме, анализираме и да го применуваме најквалитетното“, истакна Љупчо Тодороски, директорот на Бирото за јавна безбедност.
На дводневната конференција, учествуваат полициски функционери и експерти на министерствата за внатрешни работи од повеќе земји од регионот и пошироко, како и претставници на повеќе меѓународни организации (Интерпол, СЕКИ, и други).
Инаку во изминатите 4 години во земјава биле откриени 2.200 случаи за недозволена трговија со дрога, запленети се над 2 тони различни видови на дрога во вредност над 100 милиони евра.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град