Европа и натаму се соочува со опасната бактерија ешерихија коли. Откако се појавија информациите дека таа била пронајдена во краставици низ пазарите во Германија, продажбата на зеленчук, а посебно на краставиците нагло падна, дури имаше и забрани за нејзин увоз во некои земји. Во Македонија ваква опасност не постои. Всушност, според податоците на Државниот завод за статистика, вредноста на вкупниот откуп и продажба на земјоделски производи во април 2011 година изнесува 563.364 денари што претставува зголемување за 6,4 отсто во споредба со април 2010 година. И додека во еден период краставиците, доматите и другите зеленчуци се продаваа по 70, 80, 100 денари, сега можете да ги најдете за двојно пониски цени. На што точно се должи ова?
И покрај сеуште присутната опасност од смртоносната бактерија во западноевропските држави, кај нас воопшто не се стравува од ешерихија коли. Охриѓани повеќе се плашат од високи цени на зеленчукот.
Според податоци на Државниот завод за статистика, најголем пораст на најчестите цени на земјоделските производи на зелените пазари во мај 2011, во споредба со истиот месец од 2010, се забележува кај компирите, лукот, јагодите, јаболката и лупените ореви. Најголемо зголемување на најчестите цени на земјоделските производи на пазарите на големо во мај 2011, во споредба со истиот месец од 2010, се забележува кај црвените домати, компирите, лукот, јагодите, јаболката и лупените ореви.
Најголемо намалување се забележува кај оризот, зелените пиперки, гравот, краставиците, морковите и лимоните.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град