Информативниот центар на НП „Галичица“, ставен во функција. Управата на паркот веќе ги зазеде своите позиции во канцелариите на центарот, уште пред еден месец. Во тек е фазата на уредување на делот за посетители. Според најавите на директорот на паркот Зоран Ангелоски, до крајот на јули целиот објект треба да биде комплетно уреден и официјално да биде ставен во употреба за сите посетители. Изминатиот период во рамките на активности на националниот парк се случија многу работи. Една од нив е процедурата за обука на лиценцирани туристички водичи која е единствена од ваков карактер во земјава, вели Ангелоски.
Обуката на лиценцирани туристички водичи на паркот е со цел, на сите посетители да им се пласираат висококвалитетни информации за природните раритети на паркот како и за се она што е направено од инфраструктурен аспект, вели Ангелоски. Тој додава дека постои голем интерес за обука на туристички водичи од една страна, но исто така во последно време зголемен е интересот и на посетителите од друга страна.
„Бројот на посетители постојано се зголемува и голем дел од нив се странски туристи. Во последно време холандските туристи се наши чести гости дури бараат место за престој во планинската куќа асанџура и задолжително бараат посета на Св. Наум“.
Во новиот објект, покрај посебно уредените простории за потребите на паркот, одвоен е дел и за продажба на сувенири. И оваа заложба на менаџментот е новитет, кој за прв пат се спроведува, вели Ангелоски. Додава, дека има стотина разни сувенири меѓу кои се сретнуваат и такви кои го носат логото на паркот.
Уште многу активности чекаат на промоција а за кои јавноста набргу ќе слушне, вели Ангелоски. Тој е задоволен од досега сработеното, посебно што тоа го забележале и дел од експертите за национални паркови од Европа, кои со намера доаѓаат во паркот да видат како се уредува една ретка природна национална вредност, додава тој.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град