Сличностите кои постојат помеѓу етничките заедници кои живеат во Струга, треба да се покажат заедно со мултикултурните убавини на таа средина. Така Унеско клубот „Values of Struga“ денеска на чаршискиот мост во центарот на градот организира настан како дел од проектот „Дали сме различни“ под наслов „Различни ли сме“. Зојка Наскова, национален стручен претставник на УНЕСКО во земјава посочи дека изборот на Струга како место каде овој ќе биде реализиран не е случаен.
„Во текот на развојот на програмата и со консултација со локалните партнери избрани се три пилот општини, и тоа Струга,Кичево и Куманово како повеќе етнички општини, во кои се мисли дека може да се постигне напредок на ова поле, вели Наскова.
Инаку овој настан е дел од една поголема програма наречена „Подобрување на меѓуетничкиот дијалог и соработка меѓу заедниците“, програма имплементирана од страна на УНДП и УНИЦЕФ, подржана од Фондот за развој на милениумските цели, вели Наскова. Својот придонес за денешниот настан го даде и Локалната Агенција за развој од Струга, преку изложување на делата од нивниот проект „Еднакви во различноста“. Катерина Василевска, од оваа агенција истакна, дека рецептот за соживот е кај младите, само политичарите треба да ги остават на мира.
„Од нашето искуство, во сите проекти во кои сме ги вклучиле младите од сите националности, немало никакви проблеми, така да мое мислење е дека некои други фактори се измешани и затоа се влошуваат односите доколку на младите им се остави сами да се борат за својот простор, мислам дека работите ќе бидат подобри, вели Василеска.
На градскиот плоштад денес неколку талентирани музички бендови од Струга изведуваа нумери на македонски, албански и турски јазик, а беа поставени и по три штанда на кои се презентираа кулинарски специјалитети и карактерстични мотиви на етничките заедници кои живеат во Струга и струшко.Покрај претставниците од НО, на настанот присуствуаше и струшкиот градоначалник Рамиз Мерко како и претставници на Локалната самоуправа.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град