Колку квалитетно работат граѓанските организации во нашата земја?

Дали постојат одредени стандарди за квалитет на работењето на овие организации чија цел на функционирање треба да биде пружање помош и подобрување на квалитетот на живот пред се на обичниот човек?

 |  Крсте Голабовски  | 
konferencija GO
конференција ГО

Иако во Македонија има над девет илјади граѓански организации, сепак останува голема резервата кај граѓаните во врска квалитетот на нивното работење како и квалитетот на услугите кои тие ги нудат. За истите да може да функционираат, потребни се финансиски ресурси. ЕУ издвојува средства преку ИПА инструментот, но локалното финансирање на ГО сеуште не е доволно развиено, вели Сунчица Саздовска од проектот за “Техничка поддршка за граѓанските организации” ТАКСО. Најголемиот број од нив, над 70% е лоциран во Скопје, каде функционираат и оние најактивните. Експертите сметаат дека од нив, само 10 % пројавуваат некаква активност, а со полна пареа работат 40-тина.

Што се однесува до земјите во регионот, освен во Хрватска, сликата за тоа како граѓанскиот сектор функционира е речиси идентична како кај нас. Тоа се однесува и на квалитетот на нивното работење и на услугите кои ги нудат на своите клиенти. Мајда Дагода, од Центарот за промоција на цивилното општество од Сараево истакнува дека и кај нив сеуште уште многу треба да се работи на квалитетот на работата на Г.О. како и на промоцијата на овие организации. Дагода, додаде дека во БиХ моментално се промовира системот на квалитет кој се темели на ISO стандардите.

konferencija GO„ Исто така е многу важно да бидеме транспарентни во  нашата работа, значи што работиме, од кого добиваме пари, колку сме постигнале во својата работа. Потоа финансиите мора да се водат во склад со највисоките сметководствени стандарди и секако според законската државна рамка во која што се работи и мора на крај внимателно да се следи кое е влијанието кое нашите проекти го имаат врз корисниците, потенцира Дагода.

Хрватска е единствената држава од поранешните југословенски републики, која со право може да се каже дека е светлосни години понапред во организацијата и квалитетот на Г.О. Но и таму се соочуваат со појавата на гушење на граѓанскиот сектор, посебно после заминувањето на главните донатори во последниве неколку години. Николета Пољак од волонтерскиот центар од Осијек, потенцира дека во Хрватска сепак постои и национален фонд за развој на граѓанскиот сектор, како и национална стратегија за развој на истито, со што иако сега за сега слабо, сепак може да се почувствува влијанието врз политиката.

„Сепак се случуваат промени на ниво на политиката затоа што некои активности кои Г.О ги промовираат во сите области, не само во сферата на човековите права туку еве јас доаѓам од Г.О која се занимава со волонтерство сигурно заживуваат Не дека постои влијание врз политиката на ова ниво, тоа е сигурно, но тоа не е секогаш видливо, и демотивирачки делува на нас кои кои работиме, но сепак се случува“, истакна Пољак.

Дали ќе научиме или не од нашите соседи, тоа сепак од нас зависи. Денес во Македонија има над 9000 граѓански здруженија. И колку многу да делува нивниот број, сепак во споредба со Хрватска, лидерот во регионов по бројот на граѓански организации, ова е мала бројка. На Национална конференција која денес се одржа во Охрид на тема “Квалитетот во работењето на граѓанските организации ”,беа презентирани искуства од воведувањето на стандарди за квалитет на граѓанските организации од регионот и од земјата, а се дискутираше и за важноста на квалитетот во нивното работење и стандардизирањето на истиот.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top