Во СРЦ „Биљанини извори“ потпишан меморандум

Денеска во канцелариите на ЈП Биљанини извори се потпиша меморандум за разбирање помеѓу спортската агенција „Старс“ од Нови Сад и ЈП Биљанини Извори.

 |  Златко Китаноски  | 
Ivan Cvetanoski
Ivan Cvetanoski

Денеска во канцелариите на ЈП Биљанини извори се потпиша меморандум за разбирање помеѓу спортската агенција „Старс“ од Нови Сад и ЈП Биљанини Извори.

Со овој меморандум спортот во Охрид треба да се подигне на повисоко ниво а со оглед на тоа дека спортската агенција „Старс“ е една од водечките агенции во Србија може да се каже дека ЈП Биљанини Извори добива сериозен партнер.

memorandumАгенцијата  „Старс“  која веќе има развиено голема мрежа во регионот се надева дека можат Охрид да го направат една од најомилените дестинации на спотристите. Исто така се најавува дека оваа агенција на ЈП Биљанини Извори ќе и помага во градењето на нова инфраструктура која е потребна да се привлечат екипите од Нови Сад и Србија.

Со овој договор Аденцијата и ЈП Биљанини Извори пред се ќе се залагаат за развој на спортскиот туризам во Охрид како и на подготвување на спортски проекти со кои во иднина ќе се аплицира до ИПА фондовите на ЕУ кои во Македонија ќе бидат отворени во 2010 или 2011.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top