Сите ние до крај на животот се сеќаваме барем на еден од нашите другари од градинка.
Денес дечињата од охридските градинки, ја завршија оваа учебна година. Подготвени догодина да,седнат во училишните клупи, и да станат првачиња, се пофалија за она што го научиле од професионалниот тим воспитувачи во охридските градинки.
Градинката е средина во која се формираат здрави детски личности, со примена на современи воспитно образовни средства и под будното око на професионален тим воспитувачи, опремени со кодекс на однесување на највисоко ниво, кажа директорката на ЈОУДГ Јасна Ристеска – Охрид, Марина Петроска Тодорска. Таа додаде дека оваа мала свеченост веќе е традиција. На приредбата насловена како „Збогум градинке моја, среќно првачиња“, дечињата од охридските градинки ги добија и своите први дипломи, со фотографија и имиња на своите другарчиња. За тоа колку подготвени дечињата ке излезат од оваа институција, Директорката Тодоровска, оптимист.
Тодороска е сигурна дека стеблото кое во охридските градинки е формирано е цврсто, многу здраво и подготвено за понатамошен успешен живот. ЈОУДГ Јасна Ристеска – Охрид ја сочинуваат пет објекти и тоа: “ЦЕНТРАЛНА”, “РАЗВИГОРЧЕ”, “БИЛЈАНА”, “РОСИЦА”, “ЛИХНИДА” лоцирани на различни места во градот. Секоја занимална во објектите е опремена со соодветни детски катчиња. На денешната приредба, учествуваа ѕвездите од фестивалот “Распеано рибарче’, и малдите танчери од балетските студија „Соната“, и „Визави“.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град