Автобуски постојки по светски терк

Мала но значајна инвестиција. Во Струга се реновираат автобуските постојки. Теретот за средствата на инвестицијата е поделен на два дела. Еден дел ќе плати Локалната, а друг Прокредит Банка

 |  Билјана Николоска  | 
avtobuski postojki
автобуски постојки

avtobuski postojkiМала но значајна инвестиција. Во Струга се реновираат автобуските постојки. Теретот за средствата на инвестицијата е поделен на два дела. Еден дел ќе плати Локалната, а друг Прокредит Банка.

Нов изглед на автобуските постојки во Струга. На осум локации во општината, се реновираат автобуските постојки. Иницијативата е на Прокредит Банка, а реализацијата заедничка, на Локалната и на Банката, вели Владислав Жупан, советник за проекти при Општина Струга.

„ Веќе подолго време имавме проблем со автобуските постојки во општина Струга. Истите беа комплетно девастирани и требаше да се санираат. Евидентно беше дека на стружани изложени на доќд и ветер, чекаат автобус“

Покрај 8те веќе постоечки локации за постојки, стружани ќе добијат и две нови. Жупан вели дека новите две локации се повеќе од неопходни.

„Исто така ќе се изврши поставување на две нови кај центарот за дијализа каде што сега моментално нема, а тоа многу ќе значи за пациентите кои чекаат таму за превоз“.

Реновирањето на постојките во Струга, Локалната и Прокредит банка ќе ги чини 5.000 евра. Целиот зафат предвидено е да заврши до крај на неделава. После тоа, стружани ќе можат да го осетат бенефитот од оваа активност, ќе бидат заштитени и засолнети доколку временските прилики се неповолни.

 {loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top