Николоски: „Вчера имавме најфер избори во историјата на Македонија“

„Вчера имавме најфер избори во историјата на Македонија, како во Охрид така и во целата 5 та изборна единица. Би сакал да изразам задоволство од посигнатите резултати прво на државно ниво потоа во цела 5 та изборна единица и секако во Охрид.

 |  Татјана Маленкова  | 
simpatizeri na VMRO-DPMNE
Симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ

Aleksandar Nikoloska„Вчера имавме најфер избори во историјата на Македонија, како во Охрид така и во целата 5 та изборна единица. Би сакал да изразам задоволство од посигнатите резултати прво на државно ниво потоа во цела 5 та изборна единица и секако во Охрид. Задоволни сме со победата.  Овој резултат претставува потврда на политиките кои сме ги воделе до сега но и заложба за она што го ветивме за во следниот четиригодишен мандат  да го оствариме“, истакна на денешната пресс конференција пратеникот Александар Николоски.

„ За Oхрид ќе правиме многу во следниот перид. Се што е ветено ќе направиме напор и сила да го оствариме и се надевам дека после четири години во Охрид, за првиот митинг кога ќе биде ќе доаѓаат луѓето од цела Македонија  по нов модерен автопат, а следното лето по победата на следните избори ќе можат да патуваат до туристичките места по нов магистрален пат Косел – Охрид – Св Наум. Исто важи и за другите проекти. Се надевам дека што повеќе студенти ќе доаѓаат на универзитетот, повеќе гости ќе има на Охридскиот театарм,  ќе го завршиме Плаошник итн“ истакна Николоски.

Николоски истакна дека се задоволни не само од резултатите туку и од масовната излезност на граѓаните со што како што кажа „ги спречија црните и темни сценарија што за вчера ги имаше СДСМ и кои сакаше да ги прави во Македонија“.

Пратеникот од ВМРО ДПМНЕ додаде дека како партија во предизборието се  бореле со една непринципиелна коалиција на криминогени структури, со медиуми кои штитат криминалци, медиуми како што кажа кои водеа непринципилен кампања и кои го прекршија изборниот молк . Водевма битка поранешни високи функционери кои се здружија со Бранко Црвенковски и водевме битка со сите антиреформски структури во Р Македонија на кои не им одговараат реформите, за напредокот на Р Македонија.  За срека, додаде Николоски,  граѓаните ги казнија и кажаа кој сакаат да ги води во следниот четирогодишен период.

„ Околу резултатите во Охрид многу сме задоволни имаме еден од најуспешните избони циклуси и најголем број на гласови кои ВМРО ДПМНЕ ги освоила на било кои избори. Слободно можам да кажам дека на овие избори ВМРО ДПМНЕ освои солидна бројка на гласови а собрано десниот блок заедно имаа повеќе гласови отколку во 2008 та кога ВМРО ДПМНЕ го оствари својот најдобар резултат“, додаде Николоски.

Николоски потврди дека на парламентарните избори ВМРО ДПМНЕ во 5 тата изборна единица освои 9 пратеници. Од охриѓани мандат веднаш ќе им биде верификуван на Николоски и на Харалампие Шокароски. Николовски оптимист дека со формирашето на извршната власт и госпоѓата Анита Кипаризовска Крстеска повторно ќе стане пратеник.

На денешната пресс конференција Пратеникот Николоски повтортно ги повика сите членови на ВМРО ДПМНЕ кои изминатиов период ја напуштија партијата да се вратат назад.

 

 {loadposition content9}

 

 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top