Охидската општа болница се поднови

Општа болница Охрид доби компјутеризиран томограф. Денес тој и официјално беше пуштен во употреба од страна на носителот на листата на 5 тата изборна единица Антонио Милошоски. За директорот на болницата Љубен Арнаудов, ова е уште еден показател, дека Владата на Груевски, во здравството вложува многу.

 |  Билјана Николоска  | 
tomograf
томограф

Antonio MiloshoskiСериозно внимание за здравството, приоритет на Владата на ВМРО – ДПМНЕ. Охидската општа болница се поднови Денес свечено пуштен во употреба компјутерски томограф во вредност од 800 000 евра, во кои учествуваше и болницата со средства во вредност од 30 000 евра. Црвената лента по повод пуштањето во употреба на томографот, ја пресече носителот на листата на 5 тата изборна единица Антониот Милошоски, во присуство на докторската фела од речеиси сите здравствени установи во градот. Целиот регион вклучувајќи ги и пациентите од Албанија, отсега ќе имаат можност да ги почуствуваат приоритетите на компјутерскито томограф, а со тоа во многу ќе се зголемат и здравствените услуги, изјави Милошоски.

Томографот е алатка од големо значење, посебно поради фактот што во оваа болница после 25 години се носи современ апарт за високо софицистирана дијагностика за мали пари, вели Милошоски. Тој додава дека денес ќе ја посети амбулантата во Трпејца како дел од приоритетите на Владата за осовремување на болниците.

Томографот предизвика големо внимание и интерес кај новинарските екипи кои очекуваа за свеченото пуштање во употреба на томографот да се појави Бујар Османи, ресорниот министер. Зошто се појави Милошоски а не Османи одговори директорот на ЈЗУ Општата болница Љубен Арнаудов. „Посебна чест е за нас да биде присутен носителот на листата на 5 тата изборна единица Антонио Милошоски, бидејќи за здравството за оОхрид оваа гарнитура инвестира голама сума пари“,рече Арнаудов.

Современиот апарат се очекува да го задоволи потребниот капацитет за потребите на пациентите во регионот, рече Арнаудов. Тој не отстапува од својата изјава дека рокот за реконструкција на охридската болница ќе се запази, иако се соочиле со технички проблеми. Арнаудов исто така најави исполнување на бројката за вработување на 15 доктори, во установата.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top