„Спортот не е само градење спортски сали, тениски игралишта и игралишта за хохеј на кои никој не спортува. Спортот во Р. Македонија никогаш не бил на толку ниско рамниште. Нашите национални селекции, во изминативе пет години, немаат остврарено никаков позабележителен резултат во меѓународните натпреварувања“, истакна кандидатот за пратеник од СДСМ Митре Велјаноски.
„Спортот не е само градење спортски сали, тениски игралишта и игралишта за хохеј на кои никој не спортува.
Спортот во Р. Македонија никогаш не бил на толку ниско рамниште. Нашите национални селекции, во изминативе пет години, немаат остврарено никаков позабележителен резултат во меѓународните натпреварувања“, истакна кандидатот за пратеник од СДСМ Митре Велјаноски.
Велјаноски потенцираше дека во овие пет години македонските граѓани немале ниту една прилика, во ниту една спортска дисциплина, да се израдуваат и да бидат горди на постигнатиот успех на репрезентативно или клупско ниво и дека Процентот на младата популација која спортува е паднат на неверојатни 2%.
„Ја изградија северната трибина на стадионот во Скопје, а фудбалската легенда и фудбалската гордост на Македонија – ФК “Вардар“ испадна од Првата фудбалска лига. Да не заборавиме дека нашиот “Вардар“ беше првак и освојувач на Купот во некогашна Југославија. Новата Влада на СДСМ ќе го ресетира спортот во Р.Македонија. Новата Влада драстчно ќе го зголеми бројот на активни спортисти во државата“, истакна Велјаноски.
Кандидатот за претеник од СДСМ ддаде дека Новата Влада на СДСМ нема да троши пари на експерименти од типот: игралишта за хохеј и скијачки скокалници, а паралелно со тоа понижување на врвните спортови. Финансиските средства за спортот ќе се зголемат за десет пати повеќе од досегашното ниво, додаде Велјаноски. Според него Агенцијата за млади и спорт нема повеќе да биде “Градежна фирма“, туку мотор за промоција на врвниот и масовниот спорт.
Велјаноски истакна дека Приоритет на новата Влада ќе биде и обезбедување статус на дејноста спорт и на спортистите, стабилни извори на финансирање на спортот од централниот и локалниот буџет и можност за директна поддршка на спортот со средства од стопанството.
„ Ќе го укинеме Јавното претпријатие за спортски објекти и ќе ги поделиме објектите помеѓу локалната и централната власт. Дадените објекти ќе се користат само во функција на спортот, а не како до сега – за магацини, за хангари и за приватен бизнис.
Ќе градиме нови современи објекти за спорт, според потребите на спортот и националните спортски федерации, со содржини, функционалност, квалитет и стандарди кои се применуваат во развиените европски земји. Притоа ќе го користиме и моделот за јавно приватно партнерство“, истакна кандидат за пратеник – СДСМ.
Велјаноски истакна дека со поставување на вистински модел на училиштен и студентски спорт владата на СДСМ ќе го зголеми бројот на ученици и студенти коишто спортуваат, од сегашните пет на педесет илјади ученици и студенти.
Процентот на граѓани кои спортуваат ќе го зголемиме од денешните 2% на 20% од населението, истакна Велјаноски.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град