„Подем“ за развојот на економијата

Подем ги презентираше Програмските цели и проекти според нивната програма за развојот на економијата во Р Македонија. „Без радикални зафати во Македонската економија и јакнењето на конкурентноста и силниот потик на производството посебно на извозно ориентираното не е можно да се решат македонските економски проблеми“, истакна кандидатот за пратеник Горан Лекоски.

 |  Татјана Маленкова  | 
PODEM
ПОДЕМ

Подем ги презентираше Програмските цели и проекти според нивната програма за развојот на економијата во Р Македонија. „Без радикални зафати во Македонската економија и јакнењето на конкурентноста и силниот потик на производството посебно на извозно ориентираното не е можно да се решат македонските економски проблеми“, истакна кандидатот за пратеник Горан Лекоски.

„ Свртете се и погледнете околу вас каков е вистинскиот стопанки развој. Ако сте задоволни гласајте и сега. сетете се кој ја донесе новата територијана поделба на струга и кој ветуваше дека кога ќе дојдат на власт ќе ј променат . Тоа се истите луѓе кои неможат да направат ништо друго и смо знаат да ветуваат. Тие исти луѓе го бараат вашиот глас. Потсетете се и видите какво урбанистичко решение има Струга. Дали барем малку има од она што го памтите каква беше струга пред некое време“, истакна кандидат за пратеник од ПОДЕМ, Горан Лекоски.

Лекоски додаде дека доколку стане дел од политичката гарнитура која ќе дојде на власт,  посебно внимание ќе посветат на развојот на туризмот. Тој додаде дека приоритет ќе им биде изградба на нов автопат Скопје – Охрид и подобрување и проширување на патниот правец Охрид – Св. Наум.

Од Подем и денеска информираа на како што кажаа невидениот и жесток притисок врз јавноста и членство кое го вршат поголемите партии со наближувањето на денот на изборите. „Притисок чувствуваме на секој чекор. Го вршат истите луѓе кои минатите години ве лажеа дека Струга ќе доживее вистински стопански развој“, истакна кандидатот з пратеник од ПОДЕМ Наум Кутаноски.

„ Македонската економија според Подем мора да ги оствари следните цели. Зголемување на понудата на домашните производи на странски пазари преку најразлични форми на стимулирање на извозот, намалување на увозот особено на храна затоа што македонија има одлични услови подржување на рзвојот на успешните компании, намалување на казните за правни и физички лица , скалесто оданочување на добивката кај правните лица, допделување на неповратни средства од 5000 евра за секое ново вработување во фирмите и парична помош за отворање нов бизнис кај малите и средни претспријатија“, истакна кандидат за пратеник – ПОДЕМ Наум Кутаноски.

Кутаноски го потенцираше и проблемот со струшката чаршија. “На големите митизи жестоко се препукуваа кој ја продал како и кому ја продал Стушката чаршија. Ви ветувам и тврдам дека тие исти големи партии би продале се само да останат на власт“, истакна Кутаноски и додаде дека во Подем има млади кадри кои можат Македонија да ја водат напред.

 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top