Уредени паркови во секое време

Тoa е една од главните заложби на ЈП „Охридски Комуналец“. Директорот на претпријатието Сашо Алче, вели, дека го постигнал посакуваното, парковите да се рај за око на сите посетители.

 |  Билјана Николоска  | 
parkovi
паркови

sadenjeНово рефреширање на охридските паркови во централното градско јадро. Годинава по втор пат ЈП „Охридски Комуналец“, заедно со Локалната самоуправа, цветно го уредуваат просторот од рибниот ресторан до Жиголо. Првиот човек на ЈП Сашо Алче, вели дека и овој пат не се штедело за уредување на парковите, кои според него треба да се во ред и во секое време да бидат рај за очите на посетителите на овие места.

Садниците во парковите се производство на охридскиот расадник кој е дел од ЈП. Тие се набавуваат од реномирани производители на хибридно семе, вели Трајан Љаткоски, одговорен за паркови и зеленило.

Алче се пофали и со уште една новина. Поставување на клупи и на други локации во централното градско јадро.

sadenjeУредените паркови ќе ги обезбедуваат екипи од ЈП „Охридски Комуналец“. Предвидени се чуварски служби и во ноќните часови, кои за прв пат садниот материјал ќе го налеваат и тоа ќе се прави во раните утрински часови некаде околу 2-3,  како тоа не би пречело на посетителите. Од ЈП упатија уште еден апел, да не се уништуваат парковите, бидејќи во расадникот имало доволно садници за сите оние кои сакаат да си ги уредат приватните дворови, како и бесплатни совети за одржување на истите. Хотелот „Десарет“, веќе нарачал 500 садници за уредување на нивните паркови.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top