Подем нуди олеснувања за бизнис климата во земјата

Партијата на обединети демократи на Македонија пред стружани и охриѓани ја преставија својата економска програма.

 |  Валентина Нелоска  | 
PODEM
ПОДЕМ

PODEMПартијата на обединети демократи на Македонија пред стружани и охриѓани ја преставија својата економска програма. Тие нудат подобрување на бизнис климата во земјава. Подем предлага проекти за намалување на казните од сите категории  според висината  на македонската плата, вели претседателот на оваа политичка партија, Проф.Живко Јанкулоски.

„Висината на казните не содејствува со висината  на македонската плата која се движи од  5000 до 6000 денари туку со платите во западно европските земји. Тие протежираат висината на казните да се прати со зголемувањето на платите.

Во делот на економијата и решавањето на најгорливот проблем во земјава високата стапка на невработеност, Подем нуди  решение за нејзино намалување. По примерот на некои соседни земји сметаат дека со доделување на неповратни средства во висина од 5000 евра може да се подобри ситуацијата и да се  потикне вработувањето.

Во економската програма на Подем  заложба  ќе биде и олеснување на даночната политика за бизнис заедницата. Предлагаат почетниците во бизнисот да не плаќаат данок до одредена сума. Да се намали узвот на сметка на извозот, а при вложувањата на капиталот сметаат дека не треба да се потценуваат домашните инвеститори. Предлагаат да им се даде еднаков третман и на домашните  и  странските иневстиции.

 {loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top